Кристина Георгиевска, организатор на свадби: „За странците тренд е Ракија Барот со упатство за пиење, хит дестинација за свадба сега е Берово“

Младоженците од Македонија најчесто не се согласуваат околу бројот на гости за свадба, кај странците кои прават свадба кај нас тренд е ’Ракија Барот‘ на кој пишуваме упатство за пиење на ракијата за да не дојде до несакани сценарија, а лошо осветлување во ресторанот има комплетно уништено свадбени фотографии на неколку парови – раскажува за CRNOBELO.com Кристина, која е организатор на свадби во Македонија.

kristina-georgievska-organizator-na-svadbi-za-strancite-trend-e-rakija-barot-so-upatstvo-za-pienje-hit-destinacija-za-svadba-sega-e-berovo-01.jpg

Кристина Георгиевска веќе 15 години се занимава со организација на настани од секаков вид, заедно со својата колешка Снежана, а од пред 8 години, под името Wedding Planner Macedonia започнале да организираат целосно свадбени прослави на кои младенците ќе се чувствуваат како гости на сопствената свадба.

kristina-georgievska-organizator-na-svadbi-za-strancite-trend-e-rakija-barot-so-upatstvo-za-pienje-hit-destinacija-za-svadba-sega-e-berovo-2.jpg

Македонците кои живеат тука ги ангажираат за да им помогнат во плановите за свадба откако ќе започнат сами и ќе сфатат дека не можат да продолжат сами, но 70% од клиентите им се странци кои сакаат да направат свадбена церемонија и прослава во нашата земја.

Кристина за CRNOBELO.com вели дека моментално хит дестинација е Берово, а тренд кај нашите свадби се катчињата за деца, за кои е задолжен аниматор, додека родителите безгрижно се забавуваат.

Во продолжение прочитајте повеќе за тоа како изгледа да се организира целосно свадба и кои грешки ги прават младоженците...

Како дојде до идејата за организирање на свадби, колку време постои бизнисот?

Повеќе од 15 години се занимаваме со организација на настани од секаков вид, конференции, јубилеи, концерти и корпоративни настани.

На самиот почеток јас и мојата колешка Снежана почнавме со организација на приватни прослави само на клиенти на кои претходно им организиравме настани, но со текот на времето сакавме да направиме нешто повеќе и поразлично од класичните свадби кој најчесто ги прават младите ’колку да помине редот‘, туку од свадбената прослава да направиме една голема забава за паметење, тоа беше нашиот мотив да ја развиеме нашата идеја и да ја основавме нашата компанија Wedding planner Macedonia, која веќе 8 години е на нашиот пазар и се занимава со организација на уникатни свадбени прослави во регионот.

kristina-georgievska-organizator-na-svadbi-za-strancite-trend-e-rakija-barot-so-upatstvo-za-pienje-hit-destinacija-za-svadba-sega-e-berovo-06.jpg

Што конкретно организирате? Дали младенците доаѓаат кај вас со датум, а вие договарате сè останато? Дали станува збор за готови понуди или сè се прави посебно? Накратко раскажи ни како изгледа процесот на договор со клиентите.

Секоја прослава е приказна за себе и не би можело да имаме исти понуди, работиме со различен карактер на луѓе но заедничко со сите младенци е тоа што немаат никакво претходно искуство и не знаат што точно треба да прават и од каде да почнат.

Најнапред правиме концепт и насока дадена од идеите на младенците, потоа одредуваме тема, бои, стил кој го прават карактерот и оставаат уникатен печат свадбената прослава.

Бидејќи мотото ни е да бидеш гостин на сопствената забава, ние сме тука да го извадиме максимумот од секоја прослава, да го организираме секој детаљ и да направиме агенда по која би течел денот без никакви непредвидени изненадувања.

kristina-georgievska-organizator-na-svadbi-za-strancite-trend-e-rakija-barot-so-upatstvo-za-pienje-hit-destinacija-za-svadba-sega-e-berovo-07.jpg

Колку Македонците знаат што сакаат? Дали имаат конкретни барања или целосно ја препуштаат организацијата на вас?

Можам да кажам дека постои огромна разлика помеѓу Македонците што живеат во Македонија и оние кој се иселиле пред извесно време.

Клиентите што живеат во Македонија имаат малку поинаков пристап на тоа како би требало да изгледа една свадбена прослава, најчесто нè контактираат кога почнале сами со организацијата, но сфатиле дека нема да можат да продолжат сами бидејќи пред сè не е едноставно, а воедно и одзема доста време.

Многу е полесно кога трето лице пресекува за одредени работи за кои младоженците имаат двоумење, организаторот на прославата е тој што треба да го направи балансот помеѓу младоженците.

Додека Македонците кои живеат во странство, повеќе ја разбираат нашата работа и што точно може да добијат и да очекуваат од организаторот и ни препуштаат комплетно да ја водиме организацијата на нивната прослава.

kristina-georgievska-organizator-na-svadbi-za-strancite-trend-e-rakija-barot-so-upatstvo-za-pienje-hit-destinacija-za-svadba-sega-e-berovo4.jpg

Имате ли често клиенти од странство и од каде најчесто? Зошто ја бираат Македонија како дестинација за свадба?

Повеќе од 70% од нашите клиенти се од странство, најчесто тие не контактираат online преку нашата веб платформа, цела комуникација ја одржуваме преку видео разговори, клиентите од странство имаат помалку слободни денови за одмор па затоа целиот избор за свадбената прославата го прават online и преку претходно подготвени фотографии преку кои можат да се одлучат за што точно би сакале да имаат на нивната прослава.

Кога се работи за клиентите од странство, покрај наоѓање на соодветна локација за свадбената прослава им посредуваме дополнителни услуги како што се, сместување на гости, превоз на гости од аеродром до хотел и назад, туристички водич, wine & cheese tasting, шоу со традиционални играчи и ора…

Овие услуги се со цел да ја запознаат подобро нашата култура и повторно да се вратат во Македонија.

kristina-georgievska-organizator-na-svadbi-za-strancite-trend-e-rakija-barot-so-upatstvo-za-pienje-hit-destinacija-za-svadba-sega-e-berovo-04.jpg

На што најмногу се противат клиентите, односно за што најчесто имаат различни замисли невестата и младоженецот?

Дефинитивно одговорот на ова прашање би било дефинирање на број на гости односно колку гости ќе бидат поканети на свадбената прослава.

Ова е единствено нешто за кое ние не можеме да им помогнеме бидејќи е многу лична работа и ги оставаме сами да одлучат, бидејќи и голем дел од роднините се вклучуваат во овој процес на бирање и канење на гости, тука дефинитивно настанува најголемиот стрес за идните младоженци.

kristina-georgievska-organizator-na-svadbi-za-strancite-trend-e-rakija-barot-so-upatstvo-za-pienje-hit-destinacija-za-svadba-sega-e-berovo-09.jpg

Од искуство, што е најважно при организацијата на свадба? На што вреди најмногу да се посвети внимание и пари (од локација, музика, фотограф, декорации, стајлинг и сл.)?

Во свадбените прослави сите работи се поврзани една со друга, и сите детали се под еднакво битни.

Би ги советувале идните младенци да поканат помал број на гости и да се запази правилото квалитет пред квантитет, со тоа би се заштедиле доста финансии кои може да ги наменат за други работи кои би ја направиле прославата поубава и незаборавна.

3kristina-georgievska-organizator-na-svadbi-za-strancite-trend-e-rakija-barot-so-upatstvo-za-pienje-hit-destinacija-za-svadba-sega-e-berovo_n.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Денис Арслановски: „Раскошот и изобилието се одлика на ромските свадби, а на невестата никако не се ... „Mузиката е со особено значење на ромските свадби. Кога е музиката во прашање не...
Мукадес Ислам од Битола за турските свадби: „Во кафето на младоженецот се става сол, невестата се да... „Младоженецот заедно со неговите родители со букет цвеќе и слатко, најчесто локу...
Дарко Коцев (29) е гајдаџија во Германија: „Свирам на свадби и веселби, заработката е солидна“ „Ги свирам сите македонски народни инструменти, но сепак, во Македонија сум преп...
Љубовната приказна на Американец женет со Македонка: „Ева ме запроси прва, правевме 3 свадби, но сак... „На крајот направивме вкупно 3 свадби. Прво се венчавме во судница во Санкт Пете...
Кристина Димитри за родното Тетово: „Во Лешок го наоѓам мирот, на Попова Шапка сакам да испијам чај ... „Името Тетово, според една народна легенда, е врзано со еден необичен настан. Во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg