Како да се престане со лоша навика?
ИЗБЕРЕТЕ ЗАМЕНА ЗА ВАШАТА ЛОША НАВИКА
Откажувањето од лоша навика може да биде тешко, особено ако долго време ја имате. Но, разбирањето како навиките се формираат првенствено може да го олесни процесот на одвикнување. Лошите навики обично се јавуваат како одговор на досада или стрес. Размислете за поздрави начини да се справите со овие чувства. Наместо да запалите цигара, испијте чаша вода, земете гума за џвакање или дишете длабоко неколку минути. Што и да е, пожелно е да се најде соодветна замена.
РЕШЕТЕ СЕ ОД ОНА ШТО ВЕ ПОТТИКНУВА
Запомнете, работите што ве поттикнуваат да продолжите со лошата навика се првиот чекор при развојот на навика. Идентификувањето на она што ве поттикнува и всушност стои зад вашето вообичаено однесување е првиот чекор во надминување на навиките. Идентификувајте што ве поттикнува да продолжите со вашата лоша навика. Избегнување на места, луѓе или ситуации кои ве поттикнуваат да се враќате повторно и повторно на навиката од која сакате да се ослободите е еден од начините да се олесни овој процес.
ЗДРУЖЕТЕ ГИ СИЛИТЕ СО НЕКОГО
Ако имате пријател или член на семејството, кој исто така сака да ги промени своите лоши навики, можете да ги здружите силите со него и да бидете поддршка и мотивација еден на друг. Откажувањето заедно со пријател нема да направи желбите и потребата за навраќање на навиката да исчезнат. Но, може да биде полесно да се справите со истите кога се соочуваате со нив со некој покрај себе како поддршка. Пријателите можат да понудат поддршка дури и ако немаат навика што сакаат да ја променат. Размислете да споделите со пријател од доверба за навиката што се обидувате да ја напуштите. Тие можат да ве охрабрат во време на сомнеж и да ве потсетат на вашата цел ако забележат дека повторно се враќате на старите навики.
ВИЗУЕЛИЗИРАЈТЕ ГО УСПЕХОТ
Одвојте неколку минути за да разгледате зошто сакате да престанете со лошата навика и сите придобивки што ги гледате како резултат на промената. Набројувањето на овие причини може да ви помогне да помислите и на причините кои можеби не ви дошле веднаш на памет. Замислете се како ги откажувате цигарите, се храните здраво, редовно вежбате или станувате рано. Без оглед која е вашата цел, замислете како ја постигнувате и уживајте во неа.
СМЕТАЈТЕ И НА НЕУСПЕХ
Секој понекогаш потфрла, па се случува и да изеде нешто слатко, иако е на диета, да се успие или да запали цигара иако престанал да пуши. Многу е лесно да се вратите на старите навики, особено кога новите сè уште не се зацврстени. Промената е тешка. Запомнете, потребно е одредено време да се изградат тие навики, па нема да ги изгубите за еден ден. Не смеете да се грижите за тоа. Важно е само да се вратите на вистинскиот пат што е можно поскоро и да истраете до крај.
ЗА СТРАНИЦАТА
„Каде гори?“ е дел од пошироката иницијатива на ФМТКП ДОО Скопје во Северна Македонија и е посветена на едукација на јавноста со цел да се спречи изложување на населението на чадот од цигарите. Целта на оваа страница е да ја запознае јавноста со проблемите предизвикани од чадот од цигарите и согорувањето на тутунот. Исто така, страницата дава информации во врска со формирањето на чад од тутун, како и штетните материи што се создаваат со горење цигари. Конечно, страницата има за цел да ја подигне свеста кај читателите и да обезбеди релевантни информации за штетноста од согорувањето како појава. „Каде гори?“ на кој било начин не е поврзано да биде поврзано со промоција или рекламирање на која било категорија на производи.
Креаторите ги поседуваат правата на интелектуална сопственост во текстовите и другите материјали содржани на оваа веб-страница (вклучувајќи ги сите информации, слики, текст, дизајн, видео и аудио).
Ниту еден дел од „Каде гори?“ не смее да се продава или дистрибуира за комерцијални цели, ниту пак може да се менува или инкорпорира во публикации или други веб-страници.