Електрични автомобили - возење за почиста иднина
Според истражувањата, издувните гасови кои се создаваат при работата на возилата со мотори со внатрешно согорување претставуваат еден од најголемите и главни виновници за загадувањето, покрај индустријата и несоодветните материјали при загревање на домаќинствата.
Согласно овој податок, за штетата што ја создаваат моторите со внатрешно согорување, научниците во изминатите години развија нова технологија која треба да придонесе за почиста животна средина преку употребата на електрични автомобили во сообраќајот.
Електричните возила се подобра алтернатива, која значително влијае на подобрување на квалитетот на животот на луѓето, а исто така се значително подобри за животната средина. Овие иновативни алтернативи треба да помогнат за намалување на проблемот со загадениот воздух.
Предностите кои ги нуди овој тип на автомобил се бројни и се согледуваат во намалено загадување, заштеда на енергија, можност за употреба на енергија добиена од обновливи извори и намалување на потребата за користење фосилни горива и необновливи ресурси. За разлика од возилото со мотор на внатрешно согорување, електричниот автомобил е значително потивок и помага при намалувањето и на т.н. звучно загадување, односно бучавата во средини каде има поголема фреквенција на жители и возила.
Овие автомобили се иднината, затоа што го штитат поединечното, но и колективното здравје, а овозможуваат и почист воздух, грижејќи се животната средина.
ЗА СТРАНИЦАТА
„Каде гори?“ е дел од пошироката иницијатива на ФМТКП ДОО Скопје во Северна Македонија и е посветена на едукација на јавноста со цел да се спречи изложување на населението на чадот од цигарите. Целта на оваа страница е да ја запознае јавноста со проблемите предизвикани од чадот од цигарите и согорувањето на тутунот. Исто така, страницата дава информации во врска со формирањето на чад од тутун, како и штетните материи што се создаваат со горење цигари. Конечно, страницата има за цел да ја подигне свеста кај читателите и да обезбеди релевантни информации за штетноста од согорувањето како појава. „Каде гори?“ на кој било начин не е поврзано да биде поврзано со промоција или рекламирање на која било категорија на производи.
Креаторите ги поседуваат правата на интелектуална сопственост во текстовите и другите материјали содржани на оваа веб-страница (вклучувајќи ги сите информации, слики, текст, дизајн, видео и аудио).
Ниту еден дел од „Каде гори?“ не смее да се продава или дистрибуира за комерцијални цели, ниту пак може да се менува или инкорпорира во публикации или други веб-страници.