Автомобили + согорување = Загадување на воздухот
Загадувањето на воздухот е еден од покомплексните проблеми со кои се соочува општеството, оставајќи последици по животната средина и човековото здравје. Во одредени градови овој проблем е поизразен, некаде е помалку, но факт е дека целиот свет има предизвик со ова прашање.
Причините, односно главните извори за вдишување на загаден воздух се неколку, како зголемениот обем на индустриската активност, согорувањето на различни материјали, пример согорување јаглен во станбени објекти, исто така, извор на загадување претставуваат и возилата со мотори со внатрешно согорување, преку испуштањето на штетни издувни гасови. Сето ова, доведува до уништување на здравјето на индивидуата и животната средина - воздухот, почвата и водата.
За воздухот, согорувањето е голем проблем, било тоа да се во прашање штетните материи кои се испуштаат преку издувните гасови од моторите со внатрешно согорување или согорување на јаглен во домаќинствата.
Поради последиците од процесот на согорување, научниците ширум светот решија да го менуваат овој пристап и да изнаоѓаат решенија кои се подобри алтернативи за човекот и животната средина. Науката и технологијата одат напред, а со тоа се изнајдоа и нови решенија - електрични автомобили кои не испуштаат штетни гасови и инвертер клима-уреди кои овозможуваат почист воздух.
ЗА СТРАНИЦАТА
„Каде гори?“ е дел од пошироката иницијатива на ФМТКП ДОО Скопје во Северна Македонија и е посветена на едукација на јавноста со цел да се спречи изложување на населението на чадот од цигарите. Целта на оваа страница е да ја запознае јавноста со проблемите предизвикани од чадот од цигарите и согорувањето на тутунот. Исто така, страницата дава информации во врска со формирањето на чад од тутун, како и штетните материи што се создаваат со горење цигари. Конечно, страницата има за цел да ја подигне свеста кај читателите и да обезбеди релевантни информации за штетноста од согорувањето како појава. „Каде гори?“ на кој било начин не е поврзано да биде поврзано со промоција или рекламирање на која било категорија на производи.
Креаторите ги поседуваат правата на интелектуална сопственост во текстовите и другите материјали содржани на оваа веб-страница (вклучувајќи ги сите информации, слики, текст, дизајн, видео и аудио).
Ниту еден дел од „Каде гори?“ не смее да се продава или дистрибуира за комерцијални цели, ниту пак може да се менува или инкорпорира во публикации или други веб-страници.