Чадот од тутунот е главниот проблем кај традиционалните цигари
Во светот, денеска има повеќе од една милијарда пушачи. Но, и покрај тоа што и тие знаат дека пушењето е штетно по здравјето, прашање е колку од нив вистински го разбираат главниот проблем на традиционалните цигари.
Истражувањата на оваа тема, но и науката докажуваат дека најголемиот виновник за развојот на болести предизвикани од пушењето е чадот од тутунот, а не никотинот како што досега се претпоставуваше.
Процесот на согорување започнува на температура од околу 400 степени Целзиусови, при што доаѓа до горење на тутунот и создавање на чад од тутун. Топлината на врвот од цигарата достигнува и до 900 степени Целзиусови. На овие високи температури, при согорувањето се ослободуваат голем број и големи количини на штетни материи.
Никотинот е природно присутен во тутунот, но никотинот не е примарен причинител за болестите поврзани со пушењето и исто така не е директно поврзан со предизвикување на малигни заболувања. Науката докажала дека главни причинители на болестите поврзани со пушењето се штетните и потенцијално штетните материи кои се наоѓаат во чадот од цигарите.
Професор Мајкл Расел (1932-2009), британски психијатар, еден од основачите на концептот за намалување на штетата од пушењето, за никотинот има изјавено: Луѓето пушат поради никотин, а умираат од катран.
Истражувањата покажале дека никотинот, кој всушност е причината зошто луѓето пушат, се ослободува од тутунот и на пониска температура – од околу 250 Целзиусови степени, а не при процесот на согорување.
ЗА СТРАНИЦАТА
„Каде гори?“ е дел од пошироката иницијатива на ФМТКП ДОО Скопје во Северна Македонија и е посветена на едукација на јавноста со цел да се спречи изложување на населението на чадот од цигарите. Целта на оваа страница е да ја запознае јавноста со проблемите предизвикани од чадот од цигарите и согорувањето на тутунот. Исто така, страницата дава информации во врска со формирањето на чад од тутун, како и штетните материи што се создаваат со горење цигари. Конечно, страницата има за цел да ја подигне свеста кај читателите и да обезбеди релевантни информации за штетноста од согорувањето како појава. „Каде гори?“ на кој било начин не е поврзано да биде поврзано со промоција или рекламирање на која било категорија на производи.
Креаторите ги поседуваат правата на интелектуална сопственост во текстовите и другите материјали содржани на оваа веб-страница (вклучувајќи ги сите информации, слики, текст, дизајн, видео и аудио).
Ниту еден дел од „Каде гори?“ не смее да се продава или дистрибуира за комерцијални цели, ниту пак може да се менува или инкорпорира во публикации или други веб-страници.