Штетните состојки на цигарите и нивните ефекти врз добросостојбата на организмот
Експертите велат дека чадот од цигарите содржи над 6.000 различни соединенија. Значителен број од нив се токсични и можат да ги оштетат нашите клетки, а многу од нив се канцерогени. Ако некогаш сте се запрашале што точно вдишувате кога вдишувате чад од цигари и какви ефекти овој процес предизвикува врз вашето здравје, одговорите на овие прашања може да ги најдете во продолжение.
Покрај ракот, пушењето е поврзано со голем број други сериозни болести и здравствени состојби. Токсичните соединенија што се наоѓаат во чадот од цигарите патуваат во нашата крв до срцето, мозокот и секој друг орган и систем во телото. Затоа пушењето е поврзано со различни состојби како што се срцеви заболувања, дијабетес, мозочен удар, белодробни заболувања, губење на видот, проблеми со забите, остеопороза, еректилна дисфункција и намалена плодност.
Ова се само некои од токсичните соединенија кои се наоѓаат во цигарите:
Јаглерод моноксид: исто така пронајден во издувните гасови, овој отровен гас го зазема местото на кислородот во вашиот крвоток.
Формалдехид: се користи и за зачувување на лабораториски примероци, во процесите на балсамирање и во производството на градежни материјали, лепила, пестициди и ѓубрива.
Амонијак: се наоѓа и во средствата за чистење тоалети и другите производи за чистење во домаќинството.
Катран: се однесува на цврстите честички кои се создаваат со согорување на тутунот. Се акумулира во белите дробови и грлото како леплива, кафеава материја.
Во рок од 10 секунди од вашето прво вдишување на цигарата, токсичните соединенија што се наоѓаат во неа допираат до вашиот мозок, срце и други органи. Пушењето му штети на речиси секој дел од вашето тело и го зголемува ризикот од многу болести, а влијае и на вашиот изглед и расположение, како и на луѓето околу до вас.
Пред да ја запалите следната цигара, погрижете се да се обезбедите со доволно информации во однос на тоа колку е штетен чадот од цигарите и какви последици неговото вдишување може да има врз вашето целокупно здравје и благосостојба.
ЗА СТРАНИЦАТА
„Каде гори?“ е дел од пошироката иницијатива на ФМТКП ДОО Скопје во Северна Македонија и е посветена на едукација на јавноста со цел да се спречи изложување на населението на чадот од цигарите. Целта на оваа страница е да ја запознае јавноста со проблемите предизвикани од чадот од цигарите и согорувањето на тутунот. Исто така, страницата дава информации во врска со формирањето на чад од тутун, како и штетните материи што се создаваат со горење цигари. Конечно, страницата има за цел да ја подигне свеста кај читателите и да обезбеди релевантни информации за штетноста од согорувањето како појава. „Каде гори?“ на кој било начин не е поврзано да биде поврзано со промоција или рекламирање на која било категорија на производи.
Креаторите ги поседуваат правата на интелектуална сопственост во текстовите и другите материјали содржани на оваа веб-страница (вклучувајќи ги сите информации, слики, текст, дизајн, видео и аудио).
Ниту еден дел од „Каде гори?“ не смее да се продава или дистрибуира за комерцијални цели, ниту пак може да се менува или инкорпорира во публикации или други веб-страници.