Автомобилскиот луксуз пристигна и во Македонија - Ми Да Моторс го претстави најновиот модел Volvo S90

20.09.2016, Скопје – Најновиот седан Volvo S90, со својата елеганција и префинет изглед, денеска, беше промовиран во салонот на Ми-Да Моторс во Скопје. Природата, светлината, љубовта и пријателството, кои се стандарди одлики на брендот Volvo, се дефинирани и во најновото S90.

avtomobilskiot-luksuz-pristigna-vo-makedonija-mi-da-motors-go-pretstavi-najnoviot-model-volvo-s90-01.jpg

Како и неговите „браќа“ - XC90 и V90, новата S90-ка, гордо, го носи самоувереното лице на новата Volvo дизајнерска линија, заедно со класичните стилски знаци на брендот. Клучните елементи го вклучуваат дизајнот на фаровите во форма на легендарниот „чекан на Тор“, новата предна решетка, Volvo железниот симбол, како и изразената употреба на симболот Volvo на задната страна. 

Моделот S90 на Volvo е новиот премиум предводник со 4 врати и 5 седишта. Изграден е на новата   напредната модуларна производна платформа на Volvo, Scalable Product Architecture (SPA), која ги поткрепува сите нови Volvo автомобили од 60 и 90 сериите.

avtomobilskiot-luksuz-pristigna-vo-makedonija-mi-da-motors-go-pretstavi-najnoviot-model-volvo-s90-02.jpg

Овој автомобил ќе го возат личности кои имаат контрола врз својот живот, ја отсликува нивната професионална и лична состојба и  овозможува безбедно возење со паметната технологија. Од Ми-Да Моторс велат дека „ова возило е насочено кон индивидуалци кои не се задоволуваат со „океј“, односно повеќе се мотивираат со потрагата отколку со наградата“.

Благодарение на новата технологија „Volvo’s connectivity“ сите нови возила веќе се поврзани. Таа вклучува интуитивен екран чувствителен на допир кој ги комбинира функциите на автомобилот, навигацијата, врзаните услуги и апликациите за забава во самата кола, како што се програмите за слушање музика „Spotify“, „Pandora“, „Baidu“ или „TuneIn“. Вертикалниот екран чувствителен на допир овозможува брз и лесен пристап до плеада функции и карактеристики.

Новото S90 е придвужувано од новите Drive-E мотори кои се состојат од бензинска, дизел и плаг-ин хибридна верзија. Преносот кај нив е преку 8-степен автоматски менувач. Електричните мотори овозможуваат автономија до 45км на електричен режим, додека комбинираната сила заедно со бензинскиот мотор изнесува 407 кс.

avtomobilskiot-luksuz-pristigna-vo-makedonija-mi-da-motors-go-pretstavi-najnoviot-model-volvo-s90-03.jpg

Водството на Volvo на полето на автономни возила уште повеќе е потврдено со S90. Додадена е и функционалност за автоматско управување наречена „Run Off Road Mitigation“, која помага возилото да остане на патот во случај возачот да изгуби контрола. „City Safety“ технологијата на Volvo, стандардна во сите модели, ги комбинира функционалноста на автоматските сопирачки и системот за избегнување судaр за да покрие широк спектар потенцијални сценарија за несреќи и помага патниците да се чувствуваат безбедно.

Комплетниот систем за безбедност на Volvo, наречен „IntelliSafe“, опфаќа пасивни и активни безбедносни системи и ја формира основата за лидерство на Volvo на полето за автономно возење. S90-ката нуди полу-автономно возење со „Pilot Assist“, кој функционира на јасно обележани патишта и до брзина од 130 километри на час и претставува уште еден чекор кон визијата на Volvo, според која никој не треба да загине или сериозно да биде повреден во ново Volvo до 2020 година.

X X X

Volvo S90 моделот на автомобил пристигна како дел од седумте возила кои го сочинуваат Volvo Балканскиот карван кој, прв пат, се организира во Македонија и ќе биде поставен денес, од 13 до 19 часот, пред Скопје Сити Мол. Ги повикуваме сите љубители на возилата на шведската компанија Volvo Cars да дојдат и да се запознаат со компанијата чии автомобили го носат епитетот „најбезбедни“, компанија првенец во безбедносните технологии и перформансите, како и да го почуствуваат луксузот и префинетоста на Volvo моделите.

avtomobilskiot-luksuz-pristigna-vo-makedonija-mi-da-motors-go-pretstavi-najnoviot-model-volvo-s90-04.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg