Омиленото ретро Volkswagen комбе од 1962 година стана модерно и електрично

Не, ова не е старото комбе на вашиот сосед. Можеби изгледа идентично како Волксваген комбе моделот тип 2 од 1962 година, но ова е новиот модел тип 20.

Omilenoto-retro-Voslvagen-kombe-stana-moderno-i-elektricno-01.jpg

Волксваген го изработија овој прототип во чест на нивната 20-годишнина од доаѓањето во силиконската долина. Моделот тип 20 има цел да ги прикаже достигнувањата на фирмата во поглед на електричното истражување и најновата електроника, како и да ја приближи поблиску до клиентите дигитализацијата, конективноста и автономијата на новите електрични возила.

Батеријата на новото Волксваген комбе е со моќност од 10 kWh, што значи дека не е толку јака како моделот 3 на Тесла којшто има 50 kWh батерија. Но, затоа тука е софтверот за амортизација развиен од Порше, којшто го подига и спушта возилото, а зад воланот се наоѓа таблет којшто го доближува ретро комбето до 21 век.

Omilenoto-retro-Voslvagen-kombe-stana-moderno-i-elektricno (1).jpg

Од внатрешната страна на кровот се наоѓа екран којшто креира дигитален сончев кров, а на него може и да се повика дигиталниот асистент преку микрофоните во возилото. Возилото се отвора и стартува со помош на систем за препознавање на лица.

Бандажите и ретровизорите се дизајнирани со помош на софтвер којшто ја имитира природата за да создаде полесен и поцврст материјал.

Omilenoto-retro-Voslvagen-kombe-stana-moderno-i-elektricno (4).jpg

Omilenoto-retro-Voslvagen-kombe-stana-moderno-i-elektricno (3).jpg

Можеби ова комбе е само прототип и никогаш нема да се произведува масовно, но секако ни дава визија за насоката во којашто се движи развојот на електричните автомобили, а предвесник на тоа ќе биде новиот модел на комбе Volkswagen ID Buzz.

(О)Милена | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg