Босанска инфлуенсерка објави вознемирувачки фотки од вадењето на силиконите од усните: „Конечно се ослободив“


Босанска инфлуенсерка објави вознемирувачки фотки од вадењето на силиконите од усните: „Конечно се ослободив“

Босанската инфлуенсерка и ријалити ѕвезда Далила Драгојевиќ со своите следбеници реално го прикажа процесот на отстранување на силиконите од усните и објави вознемирувачки фотки и видеа од операцијата и по завршувањето.

srpska-influenserka-objavi-voznemiruvachki-fotki-od-vadenjeto-na-silikonite-od-usnite-konechno-se-oslobodiv-01.jpg

Далила Драгојевиќ е позната по учеството во српски реални шоуа, а на Инстаграм ја следат над 190.000 следбеници, кои имаа можност да ѕирнат во процесот на отстранувањето на нејзините силикони на усните.

srpska-influenserka-objavi-voznemiruvachki-fotki-od-vadenjeto-na-silikonite-od-usnite-konechno-se-oslobodiv-04.jpg

На Далила не ѝ се допаѓале повеќе силиконите кои ги има во усните, па покрај тоа што одлучила да ги извади, решила и целосно да го сподели процесот на вадење - пред, за време и по операцијата.

Предупредување: Фотографиите во продолжение може да бидат вознемирувачки.

Voznemiruvachko-srpska-influenserka-pokaza-kako-izgleda-vadenjeto-na-silikonite-od-usni-02.jpg

Покрај вознемирувачките фотки, Далила направила и целосно YouTube видео во кое отворено говори за тоа колку е возбудена што конечно ќе оди на операција, но и го прикажува целиот процес:

„Одам да ги оперирам усните и конечно да го отстранам сето она што ме нервира и да ги вратам сопствените природни усни“ – вели таа во видеото.

Таа по операцијата објави фотографии каде покажа како изгледа откако се ослободила од силиконот. Конците ѝ се по должина на целата усна, добро се чувствува по операцијата, но очекувано зборува отежнато.

„Конците се долж целата усна, но усната е мошне тенка и мала наспроти усните што ги имав! По отокот моите усни дефинитивно ќе се вратат во нормална состојба и ќе ги имам преубавите, природни усни што ги имав“ – рече таа и додава дека на луѓето им се случува да погрешат.

srpska-influenserka-objavi-voznemiruvachki-fotki-od-vadenjeto-na-silikonite-od-usnite-konechno-se-oslobodiv-.png

Фотографии од Далила по операцијата и вадење на силиконите од усните:

srpska-influenserka-objavi-voznemiruvachki-fotki-od-vadenjeto-na-silikonite-od-usnite-konechno-se-oslobodiv-02.png

Voznemiruvachko-srpska-influenserka-pokaza-kako-izgleda-vadenjeto-na-silikonite-od-usni-04.jpg

Voznemiruvachko-srpska-influenserka-pokaza-kako-izgleda-vadenjeto-na-silikonite-od-us-05.jpg

Повеќе фотографии од Далила пред операцијата: 

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ведрана Рудан (71) брутално искрена: „Me злоупотребуваше татко ми, па првиот сопруг - треба да знаем... Ведрана Рудан важи за една од најконтроверзните авторки на нашите простори. Позн...
„На моето НЕ, тој ме однесе некаде среде ноќ и ме мачеше“ – Српска актерка го обвини за силување сво... Деновиве српската јавност повторно е разбранувана од уште едно сведоштво за силу...
Татко херој од Хрватска: „Не ме пуштаат кај синот, му дадов токи-воки и монтирав шатор пред болница“ Во '90-те ја бранел оваа хрватска болница, а денес како ветеран мора да постави ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg