За „Искачување на човечките ресурси на врвот“ ќе презентираат професорите од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Лесли T. Самози и Крис Лиасидес

Професорите Лесли T. Самози и Крис Лиасидес од Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, ќе учествуваат на 9та Меѓународна конференција за човечки ресурси, со презентација на темата „Преструктуирање на позициите: Искачување на човечките ресурси на врвот“ што ќе се одржи на 31 мај и 1 јуни во Александар Палас хотел во Скопје.

za-iskacuvanje-na-coveckite-resursi-na-vrvot-kje-prezentiraat-profesorite-od-megjunarodniot-fakultet-na-univerzitetot-shefild-lesli-t-samozi-i-kris-liasides-01.jpeg

Двајцата професори преку заедничка и интерактивна презентација ќе ја отворат темата за тоа како менаџментот со човечките ресурси повторно да се врати на врвот.  

Човечките ресурси е наука каде се случуваат многу промени, постојано се движи напред и се појавуваат нови трендови кои треба задолжително да се знаат. Вистинските професионалци за човечки ресурси треба да поседуваат и бизнис вештини освен основните за човечки ресурси. Ова е тренд кој најверојатно ќе продолжи и во наредните години. Затоа, ние преку нашето излагање ќе ги натераме учесниците на конференцијата да размислат кои се и што сакаат. Ќе откриеме некои скриени елементи за тоа како менаџментот со човечки ресурси да се искачи на врвот. Преку дискусија и интеракција со учесниците, ќе се отворат некои многу важни прашања како што се тешкотиите при остварување на оваа цел и како таа може да се постигне“, изјави професори Лесли T. Самози.

Тема на 9та Меѓународна конференција за човечки ресурси, е „Најдобрите HR решенија за соочување со предизвиците во брзорастечките индустрии”. Целта на настанот којшто веќе стана традиција, е локалната бизнис заедница, преку предавања и презентации од еминентни и реномирани имиња од деловниот и академскиот свет, да се запознаат со најактуелните теми од полето на човечките ресурси. Каков пристап треба да имаат кон своите вработени, на кој начин секогаш да бидат во тек со најновите, напредни техники и решенија во менаџирањето со човечките ресурси, кои се новите трендови се само дел од прашањата кои подеднакво ги засегаат и менаџерите за човечки ресурси и генералните менаџери на компаниите. Овие знаења и напредни техники се посебно апликативни за брзорастечкитe бизниси и за компании со отворен менаџерски пристап.

za-iskacuvanje-na-coveckite-resursi-na-vrvot-kje-prezentiraat-profesorite-od-megjunarodniot-fakultet-na-univerzitetot-shefild-lesli-t-samozi-i-kris-liasides-1.jpg

Меѓународниот факултет на Универзитетот Шефилд, Сити Колеџ и оваа година се јавува како поддржувач на најголемиот и најважниот настан од полето на човечките ресурси, Меѓународната конференција за човечки ресурси, во нашата држава, со цел што подобра промоција и дистрибуција на знаење за најдобрите практики во областа на човечките ресурси.

Сите подетални информации за учество и регистрација може да се најдат на следниот линк.

Би можело да ве интересира:

Кристина Димитри во златен аутфит со танга, Калиопи со мајка ѝ: Што прават македонските ѕвезди на И... Кристина Димитри, во стилот на Јелена Карлеуша, настапи во провокативен аутфит в...
Елена Ристеска има 2 факултета, Пере дипломирал во Барселона: Какво образование имаат познатите Маке... „Досега не сум работела нешто поврзано со струката, но факултетите ми помогнаа м...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...
Бомбакис, дечкото со картони, се венча со саканата – Ја запроси по 6 месеци врска, свадбата ја најав... Кристијан Станковски, во јавноста попознат како Бомбакис или дечкото со картони,...
Еден од најфит паровите во Македонија направи свадба - Кристина во романтична венчаница, Адам во црн... „Секое девојче сонува, еден ден, да биде принцеза од бајките. За мојот најпосебе...
Кристина Димитри горда на синот: „Му го даде својот оброк на детенце што бараше храна, неговата добр... „Срцето ми се скрши, а воедно сум и многу горда на мојот син. Додека јадевм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg