Универзитетот Шефилд се искачи на QS ранг листата на 100те најдобри универзитети во светот

(Скопје, 15.06.2017) - Универзитетот Шефилд повторно е прогласен за еден од најдобрите универзитети во светот според QS светската ранг листа и со тоа уште еднаш ја потврди својата водечка позиција во квалитетната едукација и академското истражување.

univerzitetot-shefild-se-iskaci-na-qs-rang-listata-na-100te-najdobri-univerziteti-vo-svetot-01.jpg

Согласно рангирањето, Универзитетот Шефилд е на 82-ро место на листата најдобри универзитети во светот, на 26-то место во Европа и на 13-то место на листата најдобри универзитети во Велика Британија. Споредено со минатата година универзитетот се искачи на листата за 4 позиции. Глобалната репутација според начинот на кој оваа образовна институција ги инспирира студентите и вработените да се стремат кон квалитет, кон подобро образование и истражување, е главниот фактор за водечката позиција.

QS рангирањето е реномиран метод според кој се категоризираат 959 најдобри универзитети во светот. Во последната анализа учествуваа 75,015 академици и 40,455 вработени кои го дадоа своето експертско мислење. За прецизно  формирање на ранг листата беа анализирани 12,3 милиони академски трудови и 75,1 милион цитати со цел да се измери придонесот на академските истражувања предложени од најдобрите универзитети во светот.

univerzitetot-shefild-se-iskaci-na-qs-rang-listata-na-100te-najdobri-univerziteti-vo-svetot-1.jpg

Претседателот и заменик-канцелар на Универзитетот Шефилд, професорот Кит Барнет, изјави: „Охрабрувачки е да се види дека Универзитетот Шефилд повторно е на висока позиција на листата најдобри универзитети во светот. И покрај исклучителниот развој на универзитетите во Азија и во други делови на светот, нашиот универзитет е меѓународно познат по стипендирање на студиските програми и по академските достигнувања, но исто така е на пионерска позиција во индустријата и според начинот на кои работиме да ја подобриме економијата и воопшто квалитетот на животот. Денес ние продолжуваме со исполнување на нашите ветувања, истакнувајќи ги разликите како во  нашиот град и регион, така и во целиот свет.”

Универзитетот Шефилд неодамна беше прогласен за број еден во Расел Групата и трет најдобар универзитет на национално ниво за студентско искуство. Анкетата спроведена од страна на Times Higher Education за мерење на студентското искуство во 2017 година, деветта година по ред го прогласи Шефилд за универзитет со најдобра студентска заедница во Велика Британија.

univerzitetot-shefild-se-iskaci-na-qs-rang-listata-na-100te-najdobri-univerziteti-vo-svetot-2.jpg

Универзитетот Шефилд е единствениот од топ 100 листата во светот кој обезбедува високо признати дипломи достапни и за македонските студенти преку Меѓународниот факултет, Сити Колеџ во Солун. Меѓународниот факултет, Сити Колеџ нуди додипломски и постдипломски студии за Бизнис администрација и економија, Психологија, Компјутерски науки и Студии по англиски јазик и лингвистика. Меѓународниот факултет, исто така, располага со најпрестижните EMБA програми во регионот, а нуди и докторски студии преку истражувачкиот центар на Југоисточна Европа, со седиште во Солун. Досега, на повеќе од 900 високо почитувани студенти од државата им се доделени дипломи од Универзитетот Шефилд во различни области, со  традиција долга повеќе од 20 години.

Високото глобално рангирање јасно го покажува квалитетот на образованието и програмите понудени од страна на Универзитетот Шефилд и Меѓународниот факултет Сити Колеџ и уште еднаш го потврдува угледот кој дипломците на Универзитетот Шефилд го уживаат.

Целосната ранг листа на универзитетите на светско ниво може да се види на следниот линк.

univerzitetot-shefild-se-iskaci-na-qs-rang-listata-na-100te-najdobri-univerziteti-vo-svetot-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Лила по 4 месеци повторно на Бали: „Затоа што еднаш не е доволно“ Лила Филиповска повторно ужива на Бали, само неколку месеци откако го посети ост...
Елена Ристеска има 2 факултета, Пере дипломирал во Барселона: Какво образование имаат познатите Маке... „Досега не сум работела нешто поврзано со струката, но факултетите ми помогнаа м...
„Таа е меѓу државите со најмногу планини на светот“ – Не, не е Швајцарија, Македонија е (видео) „Ова е држава со најмногу планини на светот. Можеби си помисливте на Швајцарија?...
Дарко Илиевски доби ќерка – Ѝ даде име со посебно значење за семејството „Среќата го достигна својот максимум. Ми се роди ќерка. Ана Ирена Илиевска ни до...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
CRNOBELO анкета: Кои се најважните жени во животот на успешните Македонци? „Би ѝ се заблагодарил на мојата сопруга којашто ме поддржува во сѐ ова што го пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg