Аплицирај за бесплатна е-продавница! Grouper и Mastercard доделуваат 10 бесплатни пакети за отворање на е-продавници!

По повод 10 години од основањето на Grouper.mk, најголемата платформа за е-трговија во Македонија организира акција за поддршка на мали и средни компании со отворање на бесплатни е-продавници!

apliciraj-za-besplatna-e-prodavnica-grouper-i-mastercard-dodeluvaat-10-besplatni-paketo-za-otvoranje-na-e-prodavnici01.jpg

Најголемата платформа за е-трговија во земјава, Grouper.mk на крајот на јануари ќе прослави 10 години од своето постоење. По тој повод, во соработка со Mastercard, тие организираат акција за помош и поддршка на мали и средни компании во која ќе се доделат 10 бесплатни пакети за отворање на е-продавница.

Сите компании можат да аплицираат многу едноставно со пополнување на апликацијата, а сите информации за оваа кампања можат да откријат на следниот линк.

Вредноста на годишниот пакет за е-продавница за секој од апликантите изнесува 360 ЕУР, без никакви дополнителни трошоци за компаниите. Тоа значи дека тимот на Grouper ќе се погрижи за сé, од отворање на е-продавницата па сé до првите е-продажби. Компаниите немаат потреба од дополнителни ангажмани како програмирање, контакти со банки или технички предизвици како имплементација на онлајн плаќање, ниту потреба од нови вработени и дополнителни ресурси. Бесплатниот пакет е комплетно решение за е-продавница во рамките на Grouper Shopping Mall - најголемиот онлајн трговски центар во Македонија.

„Во моментов Grouper Shopping Mall брои над 80 онлајн продавници застапени со над 200 светски и домашни брендови. Во време на светска криза, понудивме алатка за сите типови на бизниси кои сакаат да продаваат онлајн без некој поголем ангажман за отворање на e-commerce сајт. Тоа е само еден од бројните бенефити кои ги нуди оваа платформа.“ - вели  Ива Трембелиева, оперативен директор во Grouper.

apliciraj-za-besplatna-e-prodavnica-grouper-i-mastercard-dodeluvaat-10-besplatni-paketo-za-otvoranje-na-e-prodavnici02.jpg

„Со отворање онлајн прoдавница во склоп на Grouper Shopping Mall, вашата компанија е изложена на најголемата база на посетители и корисници, Grouper.mk има над 30.000 посети на ден, и над 270.000 корисници. Понатаму, со додавање на производите, истите автоматски се објавуваат и на нашата мобилна апликација, достапна на Android и за iOS со преку 150.000 инсталации. Придобивка која сметам дека ќе е од големо значење за компаниите е и она што нудиме и целосна маркетинг стратегија за секоја  продавница преку дополнителни алатки за промоција кои се  достапни во секое време. Одбраните маркетинг алатки од нашиот маркетинг тим се со цел да ја зајакнат промоцијата и да ги поттикнат продажбите на новоотворените продавници.“ - додаваат од Grouper.

Рокот за аплицирање е до 31 јануари 2021, а изборот на 10-те компании кои ќе ја добијат поддршката ќе биде во текот на првата половина на февруари. Аплицирај!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg