Дечко од Кочани ја запроси саканата на јахта под Босфорскиот Мост во Истанбул (фото)

„Истанбул е град со посебно значење за нас, бидејќи токму таму ни беше првото патување како пар, затоа и Николчо го одбрал токму ова место за запросувањето. Тој ми дозволи јас да испланирам каде и како ќе ја дочекаме Новата година, а ми рече дека тој ќе ја испланирал втората вечер …“, раскажува Тамара Соколова (25) од Кочани за CRNOBELO.com.

dechko-od-kochani-ja-zaprosi-sakanata-na-jahta-pod-bosforskiot-most-vo-istanbul-foto-01.jpg

Тамара Соколова (25) од Кочани доживеа романтично запросување од својот сакан Николчо Паневски (29) од Кочани за време на крстарење под Босфорскиот Мост во Истанбул.

dechko-od-kochani-ja-zaprosi-sakanata-na-jahta-pod-bosforskiot-most-vo-istanbul-foto-02.jpg

За CRNOBELO.com Тамара открива детали од запросувањето:

„Уште на самиот почеток на врската јас бев убедена дека го најдов човекот со кој би сакала да го поминам целиот живот. Истото мислење и желба ги имал и тој, па затоа ми го спремал изненадувањето за време на нашето патување во Истанбул, изненадување за кое јас ни најмалку не бев свесна.

Патувањето во Истанбул ни беше веќе испланирано и планот беше да сме таму за дочекот на Новата година. Тој ми дозволи јас да испланирам каде и како ќе ја дочекаме Новата година, а тој ми рече дека ќе ја испланирал втората вечер.

dechko-od-kochani-ja-zaprosi-sakanata-na-jahta-pod-bosforskiot-most-vo-istanbul-foto-15.jpg

Ни на крај памет не ми падна дека токму таа вечер ќе ја имам среќата да бидам запросена за време на романтична вечера на приватна јахта, пловејќи под Босфорскиот Мост.

Тој момент ќе го паметам до крајот на животот, а Истанбул секогаш ќе ме потсетува на ова.

dechko-od-kochani-ja-zaprosi-sakanata-na-jahta-pod-bosforskiot-most-vo-istanbul-foto-06.jpg

Истанбул е со посебно значење за нас бидејќи токму овде ни беше всушност првото патување како пар, затоа и Николчо го одбрал токму ова место за запросувањето.“

dechko-od-kochani-ja-zaprosi-sakanata-na-jahta-pod-bosforskiot-most-vo-istanbul-foto-03.jpg

dechko-od-kochani-ja-zaprosi-sakanata-na-jahta-pod-bosforskiot-most-vo-istanbul-foto-04.jpg

dechko-od-kochani-ja-zaprosi-sakanata-na-jahta-pod-bosforskiot-most-vo-istanbul-foto-09.jpg

dechko-od-kochani-ja-zaprosi-sakanata-na-jahta-pod-bosforskiot-most-vo-istanbul-foto-14.jpg

dechko-od-kochani-ja-zaprosi-sakanata-na-jahta-pod-bosforskiot-most-vo-istanbul-foto-13.jpg

dechko-od-kochani-ja-zaprosi-sakanata-na-jahta-pod-bosforskiot-most-vo-istanbul-foto-12.jpg

dechko-od-kochani-ja-zaprosi-sakanata-na-jahta-pod-bosforskiot-most-vo-istanbul-foto-11.jpg

dechko-od-kochani-ja-zaprosi-sakanata-na-jahta-pod-bosforskiot-most-vo-istanbul-foto-10.jpg

dechko-od-kochani-ja-zaprosi-sakanata-na-jahta-pod-bosforskiot-most-vo-istanbul-foto-07.jpg

dechko-od-kochani-ja-zaprosi-sakanata-na-jahta-pod-bosforskiot-most-vo-istanbul-foto-05.jpg

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дечко од Радовиш ја запроси саканата во пустина во Дубаи на роденденско патување (фото) „Дубаи беше една од најпосакуваните дестинации како избор за роденденско патувањ...
Планината Китка е како сцена од зимска бајка (фото) Дрвени куќички прекриени со снег на покривите, гранки од дрвја натежнати од снег...
Сара Мејс како Баба Мразица на осветлувањето на 12-метарската елка во East Gate Mall (фото) Со впечатлив стајлинг и новогодишни песни, Сара Мејс беше дел од осветлувањето н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg