10-те најпопуларни серии за 2025-та, според IMDb
The White Lotus и Wednesday се меѓу најпопуларните серии од 2025-та, а доста често се зборуваше и за последната сезона од Squid Game.

Кога се во прашање серии, 2025-та беше мошне добра година. Добивме нови сезони од бројни серии кои веќе се популарни, а видовме и по некој нов наслов.
IMDb, пак, објави листа со најпопуларните серии за 2025-та. Ова не се сериите со највисоки оценки на платформата, туку привлекле најмногу внимание, а сепак имаат солиден рејтинг.
Па, кои се најпопуларните серии од минатата година, според IMDb?
The White Lotus
Во 2025-та излезе третата сезона од The White Lotus и уште еднаш се покажа како огромен хит.
Главните ликови во сезоната се главно разгалени богаташи со свои мрачни тајни и бизарни лични проблеми.
Дејството на секоја сезона е сместено на различна егзотична дестинација, во луксузен ресорт познат како The White Lotus.
The Last of Us
Можеби втората сезона што излезе во 2025-та доби малку полоши критики, но The Last of Us уште се вбројува меѓу најдобрите адаптации на видеоигри.
Дејството на серијата е сместено во постапокалиптичен свет, каде луѓето се соочуваат со вид габа која ги претвора во зомби.
Главниот лик е маж кој сретнува девојче кое можеби е последната надеж за спас на човештвото. Па, треба да му помогне да стигне на безбедно.
Severance
Во 2025-та беше емитувана втората сезона од популарната серија, која според многумина е дури и подобра од првата.
Главните ликови во серијата се канцелариски работници чии сеќавања од приватниот и деловниот живот се хируршки одделени.
Но, појавувањето на мистериозен колега ги поттикнува да ја откријат вистината за нивните работни места.
Wednesday
Во продукција на легендарниот Тим Бартон, Wednesday се вброи меѓу најпопуларните серии уште со првата сезона.
Главниот лик во серијата е Венздеј, ќерката на Гомез и Мортиша Адамс. Таа се запишува на академија за „чудаци“ каде мора да реши мистерија стара повеќе од две децении.
Squid Game
Иако популарноста на Squid Game дефинитивно се намали со втората сезона, во 2025-та беше емитувана и последната, трета сезона.
Веруваме дека дејството ви е веќе познато – луѓе со финансиски проблеми се пријавуваат на натпревар за детски игри, каде наградата е огромна сума пари.
Но, набрзо сфаќаат дека детските игри се и смртоносни.
