10-те најпопуларни серии за 2025-та, според IMDb
Dexter: Resurrection
Во 2000-тите, Dexter беше меѓу најпопуларните серии бидејќи главниот лик е серискиот убиец Декстер.
Свесен дека е психопат, Декстер убива само криминалци, а од помош му е тоа што работи како форензичар.
Dexter: Resurrection е како продолжение на оригиналната серија, па препорачливо е прво да ја изгледате таа.
Monster: The Ed Gein Story
Monster е антологиска серија и секоја сезона се фокусира на различен вистински убиец.
Третата сезона која излезе во 2025-та е инспирирана од животот на Ед Гејн – убиец и крадец на мртви тела кој правел бизарни украси од неговите жртви.
Dept. Q
На листата има и нова серија – трилерот Dept. Q чија прва сезона беше прикажана во 2025 година.
Главниот лик е детектив кој се бори со чувство на вина поради инцидент во кој неговиот партнер останал парализиран.
Кога повторно се враќа на работа, почнува да работи на застарен случај кој му го окупира целиот живот.
Andor
Andor е серија сместена во универзумот на Star Wars, а минатата година беше прикажана втората сезона.
Дејството е сместено пред најпрвиот Star Wars филм и се фокусира на годините кои водат до настаните во оригиналната трилогија.
Black Mirror
По две години, антологиската серија Black Mirror ја доби својата седма сезона во 2025-та.
Како и во претходните сезони, повеќето епизоди опишуваат некаква дистописка блиска иднина, каде напредната технологија е донекаде и пропаст на човештвото.
Серијата е во најмала рака вознемирувачка, но опфаќа теми што ги засегаат повеќето и, секако, овде се и пресвртите кои во голем дел од епизодите тешко дека ќе ги предвидите.
Спирова С. | Црнобело
