10 документарци на Нетфликс што вистински ќе ве трогнат

Famous Last Words со Ерик Дејн кој беше издаден постхумно, емотивниот документарец за Авичи или, пак, Grenfell: Uncovered за страшен пожар во Лондон кој можел да биде спречен.

10-dokumentarci-na-netfliks-shto-vistinski-kje-ve-trognat-01.jpg

Документарците се одличен начин да научиме нешто ново, но и подобро да ги разбереме битките на другите луѓе.

Ако ви се гледа нешто емотивно, што можеби и ќе ве натера да пуштите солза, сигурно ќе ви се допадне нешто од нашите предлози.

Десет трогателни документарци на Нетфликс:

Famous Last Words

Famous Last Words е серијал кој се состои од емотивни интервјуа со познати личности кои се објавени исклучиво постхумно.

На некој начин, ова ѝ дава шанса на починатата личност да ја раскаже својата приказна по смртта.

Досега се издадени две епизоди – со познатиот антрополог Џејн Гудал, како и со актерот Ерик Ден кој неодамна почина од амиотрофична латерална склероза.

Cold Case: The Tylenol Murders

Можеби една од најголемите мистерии во САД се таканаречените „Тајленол убиства“.

Тајленол (Tylenol) е популарен лек за болка во САД кој постои на пазарот со децении. Но, во 1980-тите, неколку луѓе умреле од труење со цијанид откако се напиле од лекот.

Документарецот се фокусира на случајот и бара одговор на прашањето како се нашол цијанидот во најобичен лек за болка.

The Lost Children

The Lost Children го документира спасувањето на четири деца кои се загубени во Амазонската прашума.

Откако преживуваат авионска несреќа, тие успеваат самите да се снајдат во дивината додека ги чекаат спасувачите.

The Program: Cons, Cults, and Kidnapping

Мини документарната серија се фокусира на поправна установа во САД која била претставувана како училиште со интернат.

Во документарецот зборуваат неколку поранешни ученици од установата и ги споделуваат траумите што ги трпеле таму.

Dancing for the Devil: The 7M TikTok Cult

Dancing for the Devil раскажува за неколку ТикТок танчари кои се заробени во вид култ.

Во јавноста, култот е претставен како компанија за менаџирање таленти – – но зад затворени врати жртвите трпеле секаква тортура.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
10 популарни понови серии на HBO (кои се достапни и на стриминг платформата) Euphoria чија нова сезона ги подели мислењата или The Pitt, медицинската драма к...
10 нови Нетфликс документарци кои ќе ве држат „залепени“ за екранот Документарците на Чарли Шин и Викторија Бекам, но и морничавите сведоштва на дев...
10 серии кои се вистинско уживање во есен (дури и по 10-тото гледање) Charmed ако сакате нешто ретро, The Fall ако сте расположени за трилер или Wedne...
10 филмови што секоја интелигентна личност треба да ги изгледа The Machinist со Кристијан Бејл, Bridge of Spies со Том Хенкс или, пак, рускиот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg