Филмски викенд: Тинејџерски драми

filmski-vikend-tinejdzerski-drami-01

За овој викенд ви спремивме три филмови што се малку потешки за гледање, некој можеби би рекол дека се досадни. Но мене ми беа интересни и се решив да ги споделам, па вие слободно одберете некој ако ви се допадне.

За разлика од вообичаените тинејџерски филмови, нема тука сонце, плажа, секси девојки и плитки дијалози.

Се обработуваат тешки теми, со чудни ситуации и интересни дијалоци, и сето тоа одглумено од фантастични глумци.

Уживајте во овој филмски викенд!


Hick (2011)

filmski-vikend-tinejdzerski-drami-1

Една тинејџерка од Небраска живее прилично несреќно со нејзините незаинтересирани родители и опкружена со пијаници и пропалици. 

Таа е незадоволна од својот живот и сонува за Лас Вегас. Нема да должам многу, само ќе кажам дека нејзината приказна е прилично интересна.

Животот и дава само сопки на патот, а таа упорно станува и продолжува понатаму, не се откажува и се бори.

Во еден момент ќе си помислите па добро може ли уште нешто лошо да и се случи на ова девојче?

Ако ве интересираат инди филмови, со интересни приказни, базирани на книги (велат дека книгата била одлична) тогаш овој е филмот за вас.

Како дополнителен бонус е актерската екипа, која е водена од талентираната Клои Моретц од Kick-Ass и прекрасната Блејк Лајвли од Gossip Girl.

Глума: Chloë Grace Moretz, Blake Lively, Rory Culkin


It's Kind of a Funny Story (2010)

filmski-vikend-tinejdzerski-drami-2

Ако сте тинејџер, тогаш е многу веројатно дека ве мачат проблемите поврзани со школо, родители, девојки/дечковци, другарите и општо иднината. 

Тие проблеми го мачат и нашиот главен лик, кој толку се осеќа потиштен од животот што сам се пријавува во психијатриска болница.

Е сеа тука настанува интересно, тој првично си замислувал дека тие ќе го дијагностицираат и поправат за една вечер и следниот ден ќе може да оди на школо.

Но кога еднаш ќе се пријавиш мораш да останеш една недела.

И одприлика тоа е филмот, го гледиме како ја поминува таа недела, се спријателува со еден постар пациент и една тинејџерка, и полека душата му заздравува. Интересно филмче што ги опишува тинејџерите со проблеми.

Глума: Keir Gilchrist, Zach Galifianakis, Emma Roberts


The Kids Are All Right (2010)

filmski-vikend-tinejdzerski-drami-3

Ник и Џулс се лезбејска двојка, која живее во брачна заедница и заеднички ги воспитуваат нивните два тинејџери.

Ник е биолошка мајка на Џони, а Џулс е биолошка мајка на Лејсер. Ник е воркохолик, а Џулс е секогаш меѓу проекти, никогаш неможе да задрже работа.

Нивните деца по карактер многу наликуваат на своите биолошки мајки.

Како би биле комплетно семејство, мајките решиле да затруднат од истата спрема од непознат донор, што значи дека Џони и Лејсер се полубрат и полусестра.

Проблемите настануваат кога децата ќе почнат да се интересираат за својот биолошки татко. Тој ќе им влезе во животот и тотално ќе им ги испреврти работите.

Ако ме прашате мене ова е најинтересниот предлог на листата.

Иако се зборува за геј пар сепак нивните проблеми се универзални и може секој да се пронајде, истото важи и за децата и нивниот однос спрема родителите.

Како шлаг на тортата се актерите, кои се одлични во своите улоги. Дефинитивно го препорачувам на сите што немаат што да прават викендов.

Глума: Annette Bening, Julianne Moore, Mark Ruffalo, Mia Wasikowska, Josh Hutcherson

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 мини-серии за маратонско гледање, одлични за продолжен викенд Ако сакате психолошки трилери, изгледајте ја Sharp Objects со Ејми Адамс во глав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg