Филмски викенд: Организирани грабежи

filmski-vikend-organizirani-grabezi-01

Некои криминални филмови не се комедии, но приказните се толку предвидливи или нереални, што се ултра забавни за гледање. Како помало подмножество од сите тие криминални филмови се филмовите каде некој нешто краде.

Без разлика дали дали навиваме за криминалците или за нормалните луѓе, тие филмови се брзи, лесни и интересни.

За овој викенд ви спремивме три криминални акции што раскажуваат различни приказни за организирани грабежи.

Уживајте во овој филмски викенд!


Man on a Ledge (2012)

filmski-vikend-organizirani-grabezi-1

Верувајте дека имав одбивност да го гледам овој филм, бидејки насловот е толку некреативен, и си замислував некоја психолошка драма каде го премислуваат типот од скокање (немам навика да гледам трејлери, сакам изненадувања). Но неможев да бидам подалеку од вистината.

Еден од подобрите криминални трилери во последно време со одлична приказна со многу пресврти и одлична актерска екипа.

Имаме еден човек кој стои на ивица од многу висока зграда и се заканува дека ќе скокне ако полицијата не докаже дека е невин.

Идентитетот на човекот во почетокот на филмот е непознат, но како полека дознаваме работи за него, дознаваме дека тоа не е едиствената приказна во филмот.

Не сакам да откријам многу детали за останатите што не гледаат трејлери, но ако сте за акциони криминалистички трилери тогаш овој филм е дефинитивно за вас.

Глума:Sam Worthington, Elizabeth Banks, Jamie Bell


Takers (2010)

filmski-vikend-organizirani-grabezi-2

Филмот ни раскажува за група од професионални ограбувачи на банки. Со пленот од предходниот грабеж, уживаат во луксуз и полека, темелно, се подготвуваат за следниот грабеж. Животот им е прилично убав и релаксиран, со оглед на нивната професија.

Но кога еден од поранешните членови ќе излезе од затвор со идеа за нов грабеж, нешто за што групата е недоволно тренирана, се растура балансот меѓу нив и работите стануваат интересни.

Како зачин на внатрешните нерешени проблеми се појавува и цајкан што им влегува во трага.

Морам да признаам дека приказната не е оргинална, а ни убаво склопена, но има интересни моменти, и моменти кога е толку глупаво што ќе почнете да се смеете.

Како на фактот дека сите личат како супер модели со прекрасно скроени костуми, а треба да се безмилосни криминалци. Но сепак вреди да се погледне.

Глума:Chris Brown, Hayden Christensen, T.I., Michael Ealy , Matt Dillon


Flypaper (2011)

filmski-vikend-organizirani-grabezi-3

Прекрасно филмче што навистина ме изненади со својата приказна. Замислете дека една банка е нападната во ист ден од две различни групи на криминалци.

Двата тима имаат скроз различен пристап во ограбувањето на банката, едните се професионалци, а другите се тотални идиоти.

И тогаш се случува едно од најчудните примирја во филм, двете групи се договараат да ја делат банката, секој да си го земе тоа по кое дошол, а се разбира заложниците им се заеднички.

Како би била поинтересна приказната Патрик Демпси се појавува како одлепен муштерија, кој развива теории на глас и прави многу чудни потези низ банката, бидејки неговиот мозок така функционира, и ги полудува сите.

Супер склопена приказна и пресвртите навистина се непредвидливи. Дефинитивно ја препорачуваам оваа акциона комедија на сите.

Дури може и јас ќе ја гледам пак.

Глума:Patrick Dempsey, Ashley Judd

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg