Филмски викенд: Римејкови

Холивуд во последно време си сака да си прави римејкови на познати филмови, па оваа сезона сме преплавени вторите верзии на истиот филм.

filmski-vikend-rimejkovi-01

За овој викенд ви одбравме три филмови. Еден доста познат и популарен, долго очекуван претпоставувам од многумина. Додека другте два се прекрасни филмови, правени по постари филмови кои дури ни мене не ми се гледани.

Но, бидејки си го најдоа местото на оваа листа значи дека заслужуваат да бидат гледани. Можете да очекувате доста пукање и пиштоли, многу убиени луѓе и интересни завршетоци на филмовите.

Ви препорачувам сите да ги погледате. Уживајте во овој филмски викенд!


Straw Dogs (2011)

filmski-vikend-rimejkovi-1

Еден од поинтересните трилери на кои имам налетано. Се работи за еден млад брачен пар, кој поради финансиски проблеми решава да се пресели во родниот град на жената.

Тоа градче е мало, затворено, традционално, и малтене заостанато позади остатокот од цивилизацијата.

Уште од самиот почеток се појавува нејзината средношколска љубов и бесрамно и се додворува. И општо земено, целиот град е против нивното довселување.

Мажот е трпелив, и против насилство. Се убедува дека нивното однесување не е страшно, но кога работите ќе излезат од контола, тој мора да ги смени своите мирољубиви начини и да застане да се бори за себе и за сопругата.

Навистина одличен филм, кој ќе ве шокира со расплетот на приказната. А како дополнителен бонус е фактот дека актерската екипа е одлична и нависитна ќе уживате гледајки го филмов.


Total Recall (2012)

filmski-vikend-rimejkovi-2

Колин Фарел како Даглас Квејд живее некаде во далечната иднина, работи во фабрика за роботи и е оженет со прекрасна жена.

Неговиот живот изгледа прекрасно, но него го мачи некој сон каде тој пробува да спаси една девојка, која патем не му е жена. Решава да се забавува некако, и оди во Rekall место каде импланитираат лажни сеќавања во мозокот.

Одбира да му стават шпиунски сеќавања, но тука некаде сè оди по ѓаволите. Почнуваат да го бркаат полицајци, жената се свртува против него и пробува да го убие, станува непријател број еден во светот.

Но, дали се ова имплантираните сеќавања или навистина е супер шпион? Мене ми се допадна филмот, малку е сменета приказната, првенствено дејствието е сместено на Земјата, а не на Марс како во оргиналот.

Приказната е прифатлива, камерата е модерна, но премногу се употребени ефектите на блесоци од леќа.

Актерската екипа е одлична, посебно ми се допадна карактерот на сопругата, изгледаше како психо љубоморна девојка кога го ловеше.

Морате да го гледате, за да можете барем да искоментирате дали оргиналот со Арни е подобар или не.


13 (2010)

filmski-vikend-rimejkovi-3

Еден млад изгубен дечко, се дави во долгови, и верува дека ако го превземе идентитетот на еден мртов човек ќе добие многу пари.

Преку енкриптирани телефонски разговори и упатства тој пристигнува во една куќа сред никаде каде е учесник во играта. Таа е врста на руски рулет, и секој што игра постои шанса да се умре.

Кога го дознава ова се обидува да избега, но веќе е доцна, Играта започнува и тој е број 13. Останатите луѓе во куќата се коцари и се обложуваат на тоа кој следен ќе умре, или кој ке остане до крај.

Филмот е возбудлив и ќе ве држи напнати додека го гледате. Иако е еден од потешките присхолошки трилер што се појавиле, начинот на кој е преставена човечката судбина во туѓи раце и како богатите се забавуваат на сметка на сиромашните ќе  ви остане врежано во паметот.

Ветувам дека нема одма да го заборавите филмот.

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg