Филмски викенд: Криминални Драми

Ако сакате да погледате некој филм што има интересна приказна, нема да одите да гледате романтични комедии, ќе гледате некоја акција или трилер.

filmski-vikend-kriminalni-drami-01

За овој викенд ви приготвивме криминални драми со малку акција во нив како зачин. Во случај да сакате да гледате малце агресивност ви спремивме три филмчиња.

Од понудените филмови можете да очекувате бркотници со коли, картели, затвореници, гангсери, многу пукање и многу насилство.

Првиот е спор и тежок кој најверојатно ќе ве напне, вториот е лесен и брз за гледање, додека пак третиот ќе ве натера да се чуствувате како да сте во филмот. Иако се од слични жанрови нашиве предлози се разновидни и можете да си го одберете тој што ви е најблиску до сензибилитетот.

Уживајте во овој филмски викенд!


Drive (2011)

filmski-vikend-kriminalni-drami-1

Рајан Гослинг е еден од оние актери што се мистериозно кул. Ако го погледнете овој филм ќе знаете точно за што зборувам. Во главната улога е токму тој, и го глуми возачот.

Главниот лик во филмов е толку мистериозен што дури и нема име. Тој работи неколку паралелни работи, како филмски каскадер/крадец/механичар, тој скоро и да не зборува, се носи во застарена мода и нема никој близок. Но, во секој момент може да експлодира во неверојатен бес и да ја покаже својата агресивна страна.

Неговиот живот ќе се смени кога ќе се запознае со една самохрана мајка. Како се развива нивната врска гледаме како низ пукнатини зирка неговата чуствителна страна.

Но, кога нејзиниот сопруг ќе излезе од затвор возачот не е рамнодушен. Филмот е спор, и со малку дијалози, а и тоа малку дијалози што ги има се тешки и неразбирливи.

Предупредувам дека филмот не е за секого, но за тие што ценат потешки драми во европски стил, каде акцентот е даден на комплетното приказна и чуствата, тогаш овој е филмот за вас.

Бидејки овој филм никого нема да го остави рамнодушен, или ќе го сакате или ќе го мразите. Се надевам дека ќе го погледнете.

Дури и да е само поради глумата на Рајан Гослинг, тој има многу повеќе да понуди од тоа што сте го виделе во неговиот најдосаден филм - The Notebook.

Режија: Nicolas Winding Refn
Глума: Ryan Gosling, Carey Mulligan, Bryan Cranston


Savages (2012)

filmski-vikend-kriminalni-drami-2

Овој филм е еден од најочекуваните филмови на годината, и како таков, ми ги дигна очекувањата и ме разочара. Земајки го тоа во предвид, јас сепак се решив да ви го предложам за овој викенд, бидејќи е одличен филм за тепање време.

Во главна улога ги имаме најдобрите другари, Бен и Чон, првиот е мирољубив ботаничар, кој патем е и одличен бизнисмен, а другиот е агресивен, поранешен дел од  SEAL и поранешен платен убиец.

Тие водат супер успешен бизнис, едниот се занимава со одгледување на марихуана и финанскиот дел од бизнисот, додека пак другиот е рекетарот.

Двајцата се заљубени во девојката Офелија, која низ целиот филм ја викаат по нејзиниот кул прекар - О. И таа е заљубена во нив, и живеат во раскошот и уживање во Лагуна Бич, Калифорнија.

Нивниот живот е прекрасен, сè додека не се појави Елена (Селма Хаек), главата на мексиканскиот картел, која ќе ја киднапира О како би ги принудила момците да и го предадат дел од бизнисот.

Како дополнителен дел од хаосот е и присуството на ФБИ агентот (Џон Траволта) кој игра за сите вмешани страни, и Ладо (Бенисио Дел Торо) крвничкиот извршител на Елена.

Иако сите поединечни моменти во филмот се доволно добри, како преубави актери, егзотични локации, брза динамика, интересен љубовен триаголник, едноставно целиот филм не ме возбуди како што очекував. Но оставам на вас да пресудите.

Режија: Oliver Stone
Глума: Aaron Taylor-Johnson, Taylor Kitsch and Blake Lively


End of Watch (2012)

filmski-vikend-kriminalni-drami-3

Одличен филм по сите стандарди. Едноставна приказна за следење, одлични глумци и прекрасен перформанс,акциони сцени со пукање и бркотници со коли, и интересна камера.

Имено филмот се прикажува преку различните камери на еден од двајцата главни глумци, кој подготвува некој вид документарец.

Најчесто сцените ни се прикажани низ леќата на рачната камера, или преку микро камерите што ги носат постојано со себе. Навистина храбар и интересен потег, на моменти се чуствувате како да играте игрица а не да гледате филм.

Но, да се навратиме на приказната. Се зборува за двајца тазе полицајци, кои патролираат по улиците и одговараат на различни повици.

Го следиме нивниот професионален живот, како и нивниот приватен. Ги гледаме како се справуваат со стресните ситуации на улиците, како и зезањето што се случува во патролната кола. Но кога ќе одговорат на еден повик ќе им се промени животот, целиот мексикански картел ќе се сврти против нив и ќе ги бележи за смрт.

Филм што ќе ве држи заинтересирани, загрижени и напнати во секоја минута, филм што ќе ве натера да се чувстувате како да сте дел од полициската единица. Дефинитивно го препорачувам.

Режија: David Ayer
Глума: Jake Gyllenhaal, Michael Peña, Anna Kendrick

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 збунувачки филмови што ќе треба да ги изгледате двапати за да ги разберете Јавноста до денес дебатира за значењето и смислата на Mullholand Drive, додека P...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg