Филмски викенд: Животни Искуства

Ако се решите да го поминете овој викенд дома, тогаш дефинитивно мора да погледате еден од понудените филмови. Сите три предлози се прекрасно направени, исполнети со различни ликови, интересни човечки карактери и преполни со емоции.

filmski-vikend-zivotni-iskustva-01

Знам дека многумина од вас несакаат да гледаат драми, бидејки се здодевни и бавни, но ви гарантирам дека било кој од понудениве филмови ќе ви се допадне.

Се раскажува за различни типови на луѓе во различен период од животот, и според тоа хронолошки се подредени.

Започнуваме со тинејџерска романтична драма, па продолжуваме со драма за фамилијарни односи, и за крај завршуваме со комична драма што раскажува за една група пензионери.

Уживајте во овој филмски викенд!


The Perks of Being a Wallflower (2012)

filmski-vikend-zivotni-iskustva-1

Овој филм ме воодушеви до тој степен, што се губам низ зборовите преку кои сакам да ви го пренесам филмот.

Филмот ни раскажува за Чарли, изгубен тинејџер во средна школа, без пријатели и без надеж дека ќе запознае некој. Преку неговиот став спрема светот веднаш чувствуваме дека тој е навистина измачена душа.

Тоа го забележуваат двајца сениори, кои имаат подеднакво оштетени детства и го земаат под своја закрила. Гледаме како нивното пријателство се развива, како се расплетуваат поединечните приказни за секое дете од дружината. Секој со својот багаж од проблеми, а само 15-16 години.

Настаните, дијалозите, чувствата, музиката се така прекрасно слоевито наредени што во еден момент ќе се најдете преплавени од емоции и длабоко загрижени за животот на овие деца.

Актерската екипа е повеќе од одлична, младата екипа заблеска со својата глума, додека низ постарите можеме да забележиме доста познати лица кои иако се појавуаат многу малку но го збогатуваат филмот.

Сценариото е фантастично, дијалозите се јасни, крати и значајни, а секој збор е совршено сместен во филмот.

Но, од сè најмногу ми се допадна музиката која е шлагот на тортата. Филм кој ќе ве замисли, натажи и насмее, филм кој морате да го гледате.

Режија: Stephen Chbosky
Глума: Logan Lerman, Emma Watson, Ezra Miller


People Like Us (2012)

filmski-vikend-zivotni-iskustva-2

Синот се враќа дома, после подолго одсуство, поради смртта на татко му, со кој не биле во добри односи. Тој бил познат музичар, кој малку време обрнувал на своето семејство, а уште помалку на својот син.

Сега тој син полн со омраза се враќа во таа куќа, и му навираат спомени од детството. Мислејки дека ова е крајот со лошите спомени, дека татко му не може да му го загорчува животот повеќе, тој разбира дека мора да однесе голема сума пари на една девојка.

Одпрво тој мисли дека таа му е љубовница, но кога ќе разбере дека му е полусестра, целиот живот ќе му се сруши над глава.

Омразата спрема татко му се зголеми, но сепак тука е љубопитноста за сестрата која никогаш не ја запознал. Дали да и ги даде парите, дали да и се престави, дали таа знае за него?

Како полека ги дознава вистините од минатото, тој се замислува и за својот живот. За своите досегашни и идни одлуки.

Сметам дека секој може да ужива во филмот бидејки е брза и релативно лесна драма, со прекрасна актерска екипа, интересни дијалози и интересна приказна.

Режија: Alex Kurtzman
Глума: Chris Pine, Elizabeth Banks, Michelle Pfeiffer


The Best Exotic Marigold Hotel (2011)

filmski-vikend-zivotni-iskustva-3

Како последен препорачан филм е оваа комична драма која раскажува за пензионерите од Англија.

Имаме збир од разноврски ликови, сите во своите одминати години, сите со различни животни приказни, сите пензионирани или без работа.

Дали како авантура, или како излез од тековните проблени, го наоѓаат хотелот Мариголд во Индија на интернет и се решаваат да се преселат во потопли краишта и да го чекаат крајот на својот живот.

Е сеа, хотелот не е баш во таа состојба како што бил рекламиран на интернет, но сепак има некој рустичен индиски шарм.

На самиот почеток се бунтуваат, но се учат да ги прифатат работите такви какви што се. Се препуштаат на целосно визуелно и културно искуство што го нуди Индија.

Филмот раскажува за поединечнте ликови, некои од нив одбиваат да се прилагодат на промените а некои веднаш ги прифаќаат.

Дефинитивно филм кој треба да го погледате. Филм кој ќе ве натера да размислувате за својот живот, одлуките кои ги правите, како сте поставени спрема новите искуства, и како се справувате со постоечките проблеми.

Прекрасна актерска екипа, кремот од Англија па можете да очекувате фантастична глума.

Режија: John Madden
Глума: Judi Dench, Bill Nighy, Maggie Smith,Tom Wilkinson

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg