Филмски викенд: Необични Комедии

За овој викенд ви спремивме три комедии со интригирачки приказни што ќе ве насмеат и ќе ви го заскокоткаат мозокот. Филмовите имаат прекрасно добри приказни, невообичаени и досега нераскажани. Тотално оргинални идеи, испреплетени со одлични карактери и референци кон денешницата или кон самиот филм.

filmski-vikend-neobicni-komedii-01

Ова се филмови што сакате да ги гледате во друштво за да имате со кој да си раскажувате после тоа. Едноставно не смеете да ги пропуштите бидејќи се едни од најинтересните во оваа филмска сезона.

Уживајте во овој филмски викенд!


Seven Psychopaths (2012)

filmski-vikend-neobicni-komedii-1

Прекрасно откачено филмче што ќе ве забавува и насмее. Филмот раскажува за Марти кој е човек со проблем... заправо со два проблеми.

Првиот, тој е хроничен алкохоличар кој не признава дека е алкохоличар, и поради тоа има прилично многу несогласувања со пријателите и девојката. А вториот проблем е дека е заглавен, и неможе да го напише сценариото за кое досега има само наслов, Седум Психопати.

Неговиот пријател се обидува да му помогне, но и тој си има проблеми во својот бизнис. Тој киднапира кучиња, и после ги враќа на сопствениците и ја собира наградата што следува за нивното враќање.

Но, еден ден ќе ја киднапираат Бони, и нивниот живот нема да биде ист. Приказната почнува бавно и збунувачки, но е доволно луда да ве држи заинтересирани до крајот.

Како се движиме кон крајот на филмот, тој станува преполн со метадата и сите филмофили ќе се стркалаат од смеење.

Режија: Martin McDonagh
Глума: Colin Farrell, Woody Harrelson, Sam Rockwell, Christopher Walken


John Dies at the End (2012)

filmski-vikend-neobicni-komedii-2

За овој филм немав никакви очекувања, освен, нели, фактот дека Џон умира на крајот. (Морам да признаам дека ова е можеби најдобриот наслов на филм, те насочува да мислиш за приказната уште и пред да го гледаш трејлерот или да прочиташ критика).

Значи да почнеме одпочеток. Имаме двајца пријатели, Џон и Дејв, кои налетуваат не некоја дрога што им го отвара мозокот и ги пренесува во поинаков свет.

Хуморот е откачен и дијалозите интересни и ќе ви го задржат вниманието низ целиот филм. Продукцијата на филмот и актерите не се најдобри, но тоа нека не ве обесхрабрува.

Овој филм навистина ќе ве замисли и насмее, и покрај кинематографските недостатоци. Приказната е чудна, и мора да му пристапите на филмов со отворен ум. Не штети ако го гледате во алкохолизирана состојба, тоа може само да помогне.

Филм кој е создаден да го гледате со друштво, како би можеле после тоа да разговарате за некои од сцените што ќе ви останат во главата. Ако ви остана некоја слободно споделете ја во коментарите.

Режија: Don Coscarelli
Глума: Chase Williamson, Rob Mayes, Paul Giamatti


Warm Bodies (2013)

filmski-vikend-neobicni-komedii-3

И мене ми се превртија очите назад во главата кога слушнав првпат за филмов. Романтична зомби комедија? Хммм... си реков да му дадам шанса, иако верував дека не може да се направи подобра зомби комедија од 'Shaun of the Dead'.

Но, ете сме тука. И морам да признаам дека филмот е фантастичен. Ставени сме во кожата на нашиот главен дечко, кој не може да се сети на своето име и се одзива на Р.  

Тој не може да зборува, но кога ги слушаме неговите мисли дознаваме дека е прилично бистар и дека мозокот му функционира нормално.

Еден ден тој со своите зомби пријатели напаѓаат група луѓе, и таму ја здогледува Џули и се заљубува во неа. Иако има лигави моменти, повеќето се неодоливо слатки и смешни.

Нивната љубов има потенцијал да го смени светот во кој живеат, но за понатаму оставам на вас. Ми требаше да поминат три четвртини од филмот за да сфатам дека всушност гледам модерна верзија од Шекспирова драма. Навистина маестрално направено.

Главниот актер Николас Холт, што го знаеме како детето од About a Boy пораснал во фантастичен актер, има одличен комичен тајминг со малкуте гласно кажани реченици.

Супер зомбија, супер актери, супер приказна. Се на се, супер филмче што мора да го гледате.

Режија: Jonathan Levine
Глума: Nicholas Hoult, Teresa Palmer, John Malkovich

И.Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg