“Frozen” добива продолжение и веќе има закажан датум


“Frozen” добива продолжение и веќе има закажан датум

Чекањето официјално може да започне. Најавен е продолжеток на анимираниот филм “Frozen 2”.

frozen-dobiva-prodolzenie-i-veke-ima-datum-1

Ќе ве разочараме малку, но во кината ќе можете да го гледате дури после 27 ноември 2019 година. Креаторите изјавија дека причината зошто ќе чекаме толку долго е поради тоа што сакаат филмот да го направат перфектен.

Од екипата и продукцијата немаат објавено дали ќе глумат истите актери, но Кристен Бел или гласот на Ана и Идина Мензел или гласот на Елса, веднаш ја твитнаа возбудливата новост.

frozen-dobiva-prodolzenie-i-veke-ima-datum-2

Во меѓувреме ни преостанува да ја слушаме “Let it go” додека овој хит анимиран филм не не изненади со нова песна која ќе ја слушаме одново и одново.

Новата песна се очекува да се вика “True Love” , Елса и Ана ќе добијат нови фустани, а за содржината уште не се знае ништо точно.

И како одговор на најчестото прашање поврзано со продолжението: Не, Елса нема да умре во овој дел. Не додека има милиони фанови низ светот кои скапо плаќаат за продолжение.

frozen-dobiva-prodolzenie-i-veke-ima-datum-3

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

The Dark Knight и четири филмски сетови на кои загинале луѓе Кога се снима филм, се следат цела низа прописи и правила со цел членовите на фи...
10 разлики заради кои филмот „Малата сирена“ нема да биде како цртаниот Пред извесен период имавме можност да го погледнеме првиот официјален трејлер за...
Елса, Покахонтас: Женски ликови од Дизни кои ги рушат сите стереотипи за жените Долго време жените, без разлика дали во цртан или филм, беа претставувани како б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg