8 секси филмови на Нетфликс кои се на граница на еротски

Од долги сцени со лезбиски секс до истражување на сексуалните фетиши на луѓето во предградијата, овие филмови ги поместуваат границите.

8 seksi filmovi na netfliks koi potsetuvaat na blago porno video 01

Нетфликс нема некој порно филм помеѓу илјадниците наслови, но затоа има снимено голем број филмови кои на моменти потсетуваат на блага верзија на еротски филм.

Оваа компанија не се плаши да внесе голотија во кадрите од филмовите, па дури и целосна пенетрација.

Од секси комедии до еротски драми, овие филмови од Нетфликс ги поместуваат границите:

Love

Најновиот филм на провокативниот Французин Gaspar Noe прикажува еректирана машкост и задоволување со рака.

Nymphomaniac Vol I и II

Сексуални авантури и нимфоманија. Во некои кадри данскиот режисер најинтимните делови на актерите си замени со интимни делови од порно актери.

Love Steaks

Германскиот режисер Jakob Lass ни прикажува дива авантура по една средба во лифт. Чудна романса на границите помеѓу реалноста и фикцијата.

Shame

Како и што се очекува од филм за компулсивен зависник од секс, во мрачната драма „Shame“ ќе видите многу интензивна акција во спалната соба.

The Little Death

Именуван според француската метафора за оргазам, овој филм истражува што се случува зад завесите во домовите во предградијата преку пет испреплетени приказни. Нетипична комедија за љубопитноста и сексуалните фетиши.

Magic Mike I и II

Овој филм не оди толку во крајност, како останатите, но ретко кој холивудски филм содржи толку многу голи стомачни мускули и секси потези. Главните актери речиси постојано се голи доловувајќи го светот на стриптизерите.

Blue Is The Warmest Color

Тричасовната француска драма содржи експлицитни лезбиски сцени, кои траат и до седум минути.

The Overnight

Ќе треба да почекате малку пред да видите некоја акција во оваа чудна комедија за возрасни. Ќе се случи неочекуваното, а потоа ќе има и протетски пениси од кои само ќе ги кренете веѓите.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg