Последните 10 филмови добитници на Оскар кои вреди да ги изгледате

Како што се приближуваме кон најпрестижната награда во кинематографијата, Оскарите, кои ќе се одржат на 4 март сумирајќи ги сите најдобри филмови од 2017 година, време е да се потсетиме кои 10 филмови ја земаа наградата за најдобар филм во изминатите 10 години.

Poslednite-10-filmovi-dobitnici-na-Oskar-01.jpg

Понекогаш вкусот на публиката и жирито се поклопува, а многу пати е дијаметрално различен.

Време е за еден маратонски оскаровски викенд.

Да се потсетиме кои кинематографски приказни ја понесоа престижната награда за најдобар филм во периодот од 2008-2017 година:

2017 – Moonlight

Нежна срцепарателна приказна на еден млад човек кој се обидува да се пронајде себеси, прикажана низ 3 различни поглавја од неговиот живот, додека ја искусува екстазата, болката и убавината на вљубувањето и нурнувањето во сопствената сексуалност.

2016 – Spotlight

Вистинска приказна за група новинари од весникот Бостон Глоуб кои го разоткриваат скандалот со сексуална злоупотреба на деца од страна на католичката црква, разнишувајќи го нејзиниот авторитет.

2015 – Birdman

Поранешен популарен актер најпрепознатлив по улогата на супер-херој чија кариера оди во надолна линија се обидува повторно да ја достигне славата со улога на Бродвеј, додека истовремено се обидува да ги обнови врките со неговите пријатели и семејството.

2014 – 12 Years a Slave

Афроамериканец од Њујорк е киднапиран и продаден како роб длабоко во јужниот дел на Америка во средината на 19 век.

2013 – Argo

Како што револуцијата во Иран се приближува кон точката на кулминација, специјалист на ЦИА крои план за извлекување на 6 Американци вработени во американската амбасада надвор од несигурната земја кои се кријат во домот на канадскиот амбасадор.

https://www.youtube.com/watch?v=w918Eh3fij0

Уште 5 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg