Многу повеќе од обични тинејџерски серии кои задолжително треба да ги изгледате

Голем дел од луѓето кога ќе слушнат тинејџерска серија веднаш превртуваат со очите и не им даваат шанса на ваквите проекти.

Mnogu-povekje-od-obicni-tinejdzerski-serii-01.jpg

Покрај многубројните стереотипи кои генерално се вклучени во ваквиот тип на серии, не сите влегуваат во оваа кошница.

Дел од нив се неверојатно интелигентни, смешни, но и тажни истовремено. Време е да погледнете малку поинаков тип на тинејџ-серии.

Особено внимание обрнете на британските, бидејќи како што и самите ќе се уверите – ништо не е подобро од британските ТВ серии:

Skins

Mnogu-povekje-od-obicni-tinejdzerski-serii (2).jpg

Дадете ѝ предност нормално (како што напоменавме) на британската пред американската верзија на истоимената серија.

Оваа брои 7 завршени сезони кои се емитуваа од 2007 до 2013 година. Дејството се одвива околу друштво, но секоја сезона главно се концентрира на еден од ликовите, неговата приказна и како тој/таа е поврзан/а со останатите.

13 Reasons Why

Mnogu-povekje-od-obicni-tinejdzerski-serii (1).jpg

Хана и Клеј се соученици и работат заедно во локалното кино. Еден ден, Хана си го одзема својот живот. Што ја натера да го стори тоа?

Но, Хана остава одговори зад себе. Цели 13 касети со причини кои го објаснуваат нејзиното самоубиство…

Првата сезона е веќе завршена, а наскоро се очекува и втората.

https://www.youtube.com/watch?v=JebwYGn5Z3E

My Mad Fat Diary

Mnogu-povekje-od-obicni-tinejdzerski-serii (3).jpg

Реј е депресивна тинејџерка со вишок килограми која излегува од психијатриска клиника поради обидот да се повреди себеси.

Откако налетува на својата стара пријателка од училиште, таа станува дел од нејзиното друштво. Но, дали ќе успее да се вклопи и да ги победи сите свои демони?

Смешна, тажна и драматична приказна со прекрасните хитови од носталгичните ’90-ти години. Серијата е завршена со вкупно 3 сезони.

Skam

Mnogu-povekje-od-obicni-tinejdzerski-serii (4).jpg

Во превод „Срам“, оваа норвешка серија ги следи животите на група средношколци во Осло. Слично како и британската Skins, секоја сезона е генерално концентрирана на еден лик, обработувајќи теми како другарство, неверство, но и хомосексуалност и религија.

Серијата има 4 сезони.

https://www.youtube.com/watch?v=Z3LnZkGos3E

Some Girls

Mnogu-povekje-od-obicni-tinejdzerski-serii (6).jpg

4 девојки кои се соочуваат со секојдневните тинејџерски проблеми – професори, училишни задачи и љубов. Неверојатно комична серија исполнета со типичен британски хумор.

Серијата има 3 сезони.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
Омилените ликови од цртаните филмови што ќе ве вратат во детството Од оптимизмот и љубезноста на Мики Маус, до брзото размислување и хуморот на Ушк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg