10 нови филмови кои одлично ќе ве расположат и насмеат

Се чини дека зимата нема крај, а поради тоа расположението на сите ни е малку опаднато. Но, без очајување, ништо не може да го поткрене духот како добро филмче, многу пуканки и чоколадо.

10-novi-filmovi-koi-odlicno-ke-ve-raspolozat-01.jpg

Доколку немате идеја што да погледнете следно, а сакате да се опуштите и добро да се расположите, ви ги предлагаме следните 10 филмчиња кои ќе ви нацртаат насмевка на лицето:

Happy Death Day

Во овој комичен хорор исполнет со црн хумор, Три е популарна студентка на колеџ која на денот на нејзиниот роденден е убиена од страна на убиец кој носи смешна маска на лицето. Таа го преживува истиот ден, одново и одново сè додека не го открие вистинскиот убиец.

Girls Trip

Четири најдобри другарки повторно се здружуваат 5 години подоцна од нивната последна средба. Друштвото се упатува кон Њу Орлеанс на фестивал, каде што ќе ги откријат сите работи кои им се случиле во животот во меѓувреме, додека лудо се забавуваат.

When We First Met

Ноа случајно запознава девојка на забава со која го има совршениот прв состанок. Но, вечерта завршува со пријателски бакнеж и прегратка.

Кога Ејвери ја прославува нејзината свршувачка со друго момче, Ноа се прашува каде згрешил пред 3 години и наоѓа начин како да се врати во минатото за да ја поправи грешката со девојката за која мисли дека е љубовта на неговиот живот.

Downsizing

Кога научниците откриваат како физички да ги смалат луѓето со цел да го решат проблемот со пренаселување, Пол и неговата сопруга Одри решаваат да му кажат збогум на стресниот начин на животот и проблемите и да се преселат во заедницата на „смалените“ луѓе.

Ingrid Goes West

Ингрид е нестабилна млада девојка која посакува да биде дел од кругот на познати луѓе. Таа ќе се опседне со популарна ѕвезда на Инстаграм и ќе започне да ја следи, сè додека не се инфилтрира во нејзиниот живот како една од најдобрите пријателки.  

Уште 5 филмови на следна страна...



Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови со непредвидливи пресврти што добро ќе ве замислат На прв поглед, The Cabin in the Woods изгледа како секој класичен тинејџерски хо...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg