10 причини зошто Кери Бредшо е ужасна пријателка и девојка

Поминаа повеќе од 20 години од емитувањето на популарната ТВ-серија, „Сексот и градот“, а нејзините фанови дури сега почнаа да сфаќаат дека Кери Бредшо, всушност е еден од најнеомилените ликови и дека е навистина лоша пријателка.

10-prichini-zoshto-keri-bredsho-e-uzhasna-prijatelka-01.jpg

Новинарката Дејзи Бедола неодамна напиша критика токму за Кери, потсетувајќи на епизодите кога одби да ѝ помогне на Миранда кога целата беше вкочанета и наместо тоа, го прати својот дечко Ејдан, кој пак, ја виде нејзината пријателка гола. Потоа во знак на извинување ѝ однесе печиво кое Миранда не го сака, но ја искористи пригодата за да разговара за своите проблеми.

Сара Џесика Паркер, пак, очекувано, го брани својот лик, тврдејќи дека Кери е добра, великодушна, полна со љубов и секогаш ги поддржува своите пријателки. Но, дежурните критичари потсетија на тоа дека постојано ја критикувала Саманта за нејзиниот сексуален живот, иако и самата немала завиден морален компас.

10-prichini-zoshto-keri-bredsho-e-uzhasna-prijatelka-04.jpg

Ова се 10 примери преку кои може да се види дека Кери е навистина ужасен пријател и девојка:

Караницата со Шарлот

Кери троши многу пари за чевли, но кога дојде момент за да купи свој стан, а немаше пари за тоа, очекуваше дека другите ќе ја извлечат од ситуацијата. Таа дури ѝ се налути на Шарлот што не ѝ го понуди својот веренички прстен, за да го вложи за капар.

Се однесуваше ужасно кон Ејдан

Тој беше прекрасен кон неа, но тоа не важеше за Кери. Таа дури и го носеше неговиот веренички прстен на синџирче околу вратот, правдајќи се дека „така ѝ е поблиску до срцето“.

Се фалеше со изневерувањето

Најпрво го изневери Ејдан со Ѕверката и како тоа да не беше доволно, целото тоа искуство го пренесе во својата следна секс-колумна.

10-prichini-zoshto-keri-bredsho-e-uzhasna-prijatelka-02.jpg

Полудуваше од добрината на Ејдан

Кога ѝ се расипа компјутерот, Ејдан ѝ купи мекбук, но таа не беше среќна поради неговиот гест, ниту пак поради тоа дека направил нешто убаво за неа. Од друга страна, иако Ѕверката се однесуваше лошо кон неа, таа и понатаму го сакаше.

И покрај сè, отиде во Париз

Иако нејзините пријателки го мразеа Русинот, а и тој нив, Кери сепак замина со него во Париз. Иако тие ја советуваа да не оди, Кери замина, а нив ги третираше како публика која треба да ги следи нејзините акции, наместо да се однесува рамноправно со своите пријателки.

Нејзините „длабоки“ реченици

Иако во серијата Кери е успешна и влијателна колумнистка, нејзините мисли и совети во реалниот живот се целосно бизарни, смешни и неприменливи.

Лоша е кон Миранда

Кога Миранда размислуваше за абортус, Кери реши дека нема да ја слуша, туку дека ќе зборува за своите проблеми, кои во споредба со оној на Миранда, беа, најблаго кажано, имагинарни.

10-prichini-zoshto-keri-bredsho-e-uzhasna-prijatelka-03.jpg

Ја засрамуваше Саманта

Иако Саманта важи за лик кој го сака сексот повеќе од кого било, таа често беше на мета на дрските коментари на Кери. Како секс-колумнистка, би требало да биде поотворена во врска со тоа прашање. Всушност, ни самата во тој поглед не е „цвеќе за мирисање“.

Селењето во село

Кери го обожава Њујорк, а кога Ејдан купи куќа во село, се чинеше дека замина со него само за да може да се жали за буквало сè.

Опседнатост со мажите

Кери е постојано опседната за Ѕверката, а токму поради него, нејзиниот живот е целосен хаос. Точно, серијата се вика „Сексот и градот“, а таа пишува колумни за секс и врски, но како лик, Кери никогаш не сфати дека постојат и други нешта во животот, а не само мажите.

10-prichini-zoshto-keri-bredsho-e-uzhasna-prijatelka-05.jpg

E. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмови и серии на Нетфликс што не треба да ги пропуштите овој јануари Документарци, серии и забавни филмови – што треба да изгледате на Нетфликс овој ...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови кои реално ги прикажуваат битките со сериозни болести The Father премногу реално ја прикажува битката со којашто се соочуваат луѓето с...
Гол презентер на сцената, паѓање на црвениот тепих: Забавни (и непријатни) моменти од Оскари 2024 Џон Сина се појави гол на сцената како презентер, Кирстен Данст се сопна на црве...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg