Филмска магија на 56 години - Најдобрите филмови со Том Круз

Тешко е да се поверува дека Том Круз има 56 години, нели? Американскиот актер е препознатлив по својот талент за глума, харизма, своите 170 cm кои очигледно не успеваат да го запрат во ниту еден поглед и контроверзниот приватен живот поврзан со скиентологијата.

Najdobrite-filmovi-so-Tom-Kruz-01.jpg

И покрај неуспешните 3 брака зад себе со актерките Мими Роџерс, Никол Кидман и Кејти Холмс, се чини дека Круз е незапирлив на филмското платно.

Последниот дел од франшизата „Невозможна мисија“ – Fallout доживува огромен успех на кино-благајните ширум светот.

Навистина тешко е да се одвојат 10 најдобри филмови со Том Круз во главната улога, бидејќи неговата кариера е исклучителна, но ова се филмовите што апсолутно мора да ги изгледате:

Minority Report

Дејството е сместено во иднината, каде што полицијата има начин да ги открие и уапси злосторниците пред да го извршат злосторството. Проблемот настанува кога предвидувањето открива дека следниот виновник кој полицијата треба да го брка е токму началникот Џон Андертон.

Jerry Maguire

Џери Мегваер е спортски менаџер кој доживува лично откровение – индустријата во која работи е немилосрдна, етички некоректна и корумпирана. Откако решава да си даде отказ и да работи како независен агент, единствените кои остануваат покрај него се поранешната секретарка и само еден единствен клиент.

Mission Impossible

Серијалот филмови кој започна да се снима во далечната 1996 година го доживеа своето шесто филмско издание годинава со одличниот MI: Fallout. Апсолутно препорачуваме да ги изгледате сите 6 делови, бидејќи оваа франшиза е одличен пример за тоа како треба да изгледа еден акциски филм.

A Few Good Men

Даниел Кафи е воен адвокат кој застанува во одбрана на двајца војници обвинети за убиство кои тврдат дека само ги слушале наредбите на претпоставениот. Одлична драма со Деми Мур и Џек Николсон која не смеете да ја пропуштите.

Vanilla Sky

Дејвид е богат и разгален наследник на издавачки магнат кој живее со помислата дека може да има сè што ќе посака. Но, една одлука ќе го промени неговиот живот засекогаш, докажувајќи дека секој наш избор носи последици.

Уште 5 филмови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg