Нови филмови кои со огромно нетрпение ги очекуваме во есен 2018

Bad Times at the El Royale

Седум странци се среќаваат во запуштениот хотел покрај езерото Тахо, Ел Ројал. Секој со својата мрачна тајна, во текот на една единствена ноќ ќе ја имаат шансата за свое искупување и нов почеток, пред сè да тргне наопаку.

First Man

Филмот ја отсликува легендарната вселенска мисија која го направи Нил Армстронг првиот човек кој зачекори на Месечината на 20 јули, 1969 година.

Serenity

Минатото на Бејкер, мирољубив и повлечен риболовец се враќа да го прогонува, откако неговата поранешна сопруга Карен го лоцира со морничава молба: да го убие нејзиниот насилен, сегашен сопруг.

https://www.youtube.com/watch?v=SbrOMrjhyvI

Mowgli

Најновата филмска адаптација ја следи добро познатата приказна за детето од џунглата, Могли, кој мора да се бори против суровиот тигар Шир-Кан, како и луѓето кои сакаат да ја загрозат хармонијата во неговиот дом.

Bohemian Rhapsody

Во овој неверојатно живописен филм се крева превезот зад еден од најпопуларните бендови во музичката историја, Queen, и нивниот харизматичен пејач, неповторливиот Фреди Меркјури, како и создавањето на култната Bohemian Rhapsody.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg