Маестрални 5 минути што душа ќе ви растреперат - Нина Маџиров во чест на нејзиниот покоен татко

Дали знаете колку тони тежи тагата на душа?

maestralni-5-minuti-shto-dusha-kje-vi-rastreperat-nina-madjirov-vo-chest-na-nejziniot-pokoen-tatko-01.jpg

Дали знаете колку нашите лични животни патила можат да нè променат во нашето јадро, во дел од секундата? Да нè жигосаат, умртват, сотрат и в место срозат, та инстинктот и страста за живот како последни гласници во нас нè натераат да бидеме за живот жедни?

Дали знаете колку боли кога општите законитости на природата за живот и смрт во дел од мигот ќе решат да ни се створат пред врати? Да ни влезат со сè врата в куќа тогаш кога мислиме дека цветот на судбата и приказната наша бујно цути во најпролетен ек, во сите бои и нијанси - и во најтемно светло да нè обучат за горкиот вкус на промената, особено онаа поради која солзи се ронат, душевни болести напаѓаат, живототеци запираат. 

maestralni-5-minuti-shto-dusha-kje-vi-rastreperat-nina-madjirov-vo-chest-na-nejziniot-pokoen-tatko-04.jpg

Па најпосле, во минутите кога мислиме дека назад нема, дека од нашево лошо - полошо не бидува, тогаш во нас се разгорува искрата на споменот на она убавото, пријатното и топлото што ѓердан од кикотење низ годините ни сошило и таа искра пламен најголем отпочнува!

Душата, срцето и разумот една единка бидуваат и од нас го вадат она генијалното, она за кое сите мечтаат и копнеат, она пред кое сите аплаудираат, плачат, се смеат, се тресат од трпки по снагата.

maestralni-5-minuti-shto-dusha-kje-vi-rastreperat-nina-madjirov-vo-chest-na-nejziniot-pokoen-tatko-03.jpg

Погледнете како духовната растргнатост на талентираната млада дама Нина Маџиров се преточи во маестрални пет минути кои душа ќе ви растреперат.

Погледнете го краткометражниот филм на младата амбасадорка на македонската филмска уметност во светски рамки.

Погледнете ги тие волшебни пет минути на Нина Маџиров посветени на нејзиниот покоен татко - великанот и неописливо талентираниот музичар - Зоран Маџиров.

maestralni-5-minuti-shto-dusha-kje-vi-rastreperat-nina-madjirov-vo-chest-na-nejziniot-pokoen-tatko-02.jpg

Почувствувајте ја моќта на споменот, моќта на смртта и... победата на животот!

Автор: В. Р.

Би можело да ве интересира:

Скроени за љубовна пролет – 10 најромантични филмови од 2022 кои излегоа досега Време е за пролет, многу дружби, сонце, насмевки и секако – романтика. Иако се б...
Филмови за животот на децата бегалци кои ќе ви го скршат срцето, но ќе ви помогнат да го погледнете ... Во време кога глобалната бегалска криза достигна рекордно високо ниво со повеќе ...
10 најчудни филмови во 2022 година кои излегоа досега Повеќе од половина година е зад нас, што значи дека имаме навистина многу нови ф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg