Како природно изгледа Реми Малек - актерот кој маестрално го одглуми Фреди Меркјури?
Реми Малек штотуку ја одигра улогата на својот живот, која со гаранција ќе му донесе блескава кариера на филмското платно.
И додека тој ги живее своите 5 минути слава, не можеме, а да не му симнеме капа за маестралната глума во улогата на Фреди Меркјури.
Физичките сличности беа на завидно ниво, одработени до најситен детаљ.
Почнувајќи од Фреди во младоста, оригиналната фризура во ’70-те, проблематичната поставеност на забите, кои воедно се негов заштитен знак, заедно со сите гестови, фацијални експресии и движења, ја натераа публиката да се запраша кој е актерот кој сето тоа го изведе толку оригинално?
Верувале или не, Реми Малек во приватноста нема една сличност со легендарниот Фреди.
Како изгледа Реми природно?
М. Д. | Црнобело