Толку лоши што се одлични за гледање - листа на божиќни филмови од кои добро ќе се изнасмеете

Surviving Christmas (2004)

Дру е успешен менаџер кој не е близок со своето семејство, но полека почнува да чувствува носталгија за домот и семејството како што се наближуваат божиќните празници.

Black Christmas (2006)

Празничната сезона се покажува смртоносна за група пријателки кои се заглавени во истата куќа на универзитетскиот кампус поради снежна бура. Нив ги демне опасен и мистериозен убиец…

A Christmas Story 2 (2012)

Продолжението на оригиналниот филм од 1983 година е толку бизарно што нема да верувате како еден филмски класик е масакриран на ваков начин.

Во вториот дел, Ралфи го уништува автомобилот од неговите соништа, па тој и неговото друштво се принудени да најдат работа и да го поправат, пред да дознае неговиот татко.

https://www.youtube.com/watch?v=YHJNBZ2rrMM

Home Alone 3 (1997)

Ни одблиску како оригиналната филмска магија со Меколи Калкин, во третиот дел 9-годишниот Алекс кој живее во Чикаго се соочува со група крадци кои се во потрага по чип со информации кој е скриен во неговата играчка.

This Christmas (2007)

После 4 години, семејството Витфилд конечно се собира заедно да го прослават Божиќ. Започнуваат да се откриваат тајни и очигледно ова е времето за најголемата семејна драма.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg