Серии кои ќе ве маѓепсаат исто како „Charmed“

Магијата на трите сестри волшебнички трае речиси две децении, и со оригиналната верзија и со новата од 2018-та.

serii-koi-kje-ve-magjepsaat-isto-kako-charmed-01.jpg

Пру, Пајпер и Фиби ја откриваат својата моќ, креирајќи еден сосема нов свет за себе и за луѓето околу нив.

Подоцна Пру умира, а на нејзино место доаѓа полусестрата Пејџ, која има наследено од моќите на нивната мајка.

Ако сте љубители на оригиналната или новата верзија, сигурно некогаш сте посакале да изгледате нешто слично. 

Па, не грижете се, има неколку серии со кои ќе ја почувствувате речиси истата магија како и со „Charmed“:

Chilling Adventures of Sabrina

Сабрина се соочува со семејното наследство во форма на магија и со балансот меѓу нормалниот живот и својата моќ.

https://www.youtube.com/watch?v=ybKUX6thF8Q 

The Secret Circle

Од оваа серија е снимена само една сезона, а фановите на „Charmed“ веднаш ќе ја препознаат сличноста меѓу двете приказни.

Главниот лик открива дека има волшебна моќ по смртта на нејзината мајка и влегува во чудесниот свет на магијата и опасностите.

;

DC's Legends of Tomorrow

Иако на прв поглед никој не би нашол поврзаност меѓу овие две серии, всушност и Легендите се соочуваат со митски и волшебни суштества, па затоа и може да се направи паралела меѓу нив.

;

Lucifer

Ако демоните и митологијата на пеколот беа она што ве воодушевува во „Charmed“, тогаш „Lucifer“ е серијата која ја барате.

Самиот ѓавол помага во разрешување на криминали, а во меѓувреме го открива хуманиот дел од себе.

;

Merlin

Кога ќе се спомне волшебник, на сите им текнува на долгобрадестиот Мерлин. Иако нема многу сличности со „Charmed“, доволно е тоа што постои магија за да бидете маѓепсани додека ја гледате.

;

Buffy the Vampire Slayer

Оваа серија е легендарна како и „Charmed“, а има и сличности, особено во делот на комплицираните носечки женски улоги.

;

Witches of East End

Магијата тече во крвта на една жена, нејзините ќерки и нејзината сестра, кои живеат во мал град. Серијата има две сезони.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 серии на Нетфликс кои се совршени за оваа есен Ако ви се гледа добар трилер, изгледајте ја The Night Agent, а ако сте расположе...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg