Филмови кои ќе ви предизвикаат поплава од емоции

Постојат филмови „лимонади“ кои ги гледаме со цел да ни помине побрзо времето, да се насмееме и да го пуштиме „мозокот на пасење“.

Filmovi-koi-ke-vi-predizvikaat-poplava-od-emocii-01.jpg

А постојат и такви филмови кои целосно ќе го окупираат вашето внимание. Нема да сакате да пропуштите ниту една секунда од нив, ќе ве остават подзинати, без зборови.

Ќе размислувате за овие филмови уште многу долго.

Доколку сакате да го активирате мозокот малку повеќе, време е да одвоите време за:

Requiem for a Dream (2000)

Еден од најдобрите филмови, ремек-делото на режисерот Дарен Аронофски ја прикажува мрачната страна на животот, кога четворица луѓе ќе бидат погодени од страшните последици на консумирањето дрога.

Come and See (1985)

Откако ќе пронајде стара пушка, младо момче се приклучува на советската војска против безмилосните германски сили и на сопствената кожа го искусува хоророт на Втората светска војна.

Pan’s Labyrinth (2006)

Во оваа неверојатна мрачна бајка за возрасни, во Шпанија, 1944 година каде што се ловат воените бунтовници од страна на нејзиниот бескрупулозен очув, 11-годишната Офелија си создава свој свет со помош на сопствената фантазија.

https://www.youtube.com/watch?v=T2Cg6OUPVz4

Schindler’s List (1993)

Оскар Шиндлер пристигнува во Краков во 1939 година, подготвен да профитира од Втората светска војна. Она што ќе започне како план за создавањето богатство ќе се претвори во сага за спасување на невини еврејски човечки животи.

The Road (2009)

Во пост апокалиптичен свет каде што Америка е мрачно и сурово место за живот, човек со неговиот син се обидува да преживее и да го одржи жив сонот за опстојувањето на цивилизираниот свет.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg