Кои се вистинските имиња на славните актери?

„Не постои бизнис како шоу-бизнис“. Филмските ѕвезди најдобро го знаат тоа. Не би требало да нé изненади фактот што многу познати актери го имаат сменето сопственото име. 

Ova se vistinskite iminja na poznatite akteri 01

Постојат многу причини за оваа радикална промена, од избегнување на расна пристрасност до чиста желба. Повеќето знаат дека Кери Грант некогаш бил Арчибалд Лич и дека Одри Хепберн била родена како Одри Рустон.

Но, тие не биле единствените актери кои го промениле своето име.

Ова се неколку познати личности за кои можеби не знаевте дека го промениле името:

Вин Дизел

Марк Синклер не го промени името поради неговите актерски амбиции (иако бил актер уште од мали нозе). Вин Дизел станал Вин Дизел кога работел во ноќен клуб во Њујорк како исфрлувач. Тој е доказ дека еден исфрлувач може да стане светска филмска ѕвезда.

Хелен Мирен

Името Илејна Лидија Василиевна Миронов звучи како Хелен Мирен да била родена на руски кралски двор, но таа, всушност, била дете на имигрантски дипломат-таксист од Лондон.

Нејзиниот татко, Василиј и Британката-мајка, Кетлин, го промениле семејното презиме во Мирен во 1950-тите.

Мајкл Кејн

Некои актери ги менуваат имињата за да звучат незаборавно. Токму тоа го направи актерот Морис Миклвајт кога стана Мајкл Кејн во 1954 година. Името Кејн го зема поради филмот „The Caine Mutiny“ со Хамфри Богарт.

Дејвид Тенант

Човекот кој стана најпознатото лице на Доктор Ху се вика Дејвид Мекдоналд. Сценското име го избира бидејќи веќе постоел уште еден актер по име Дејвид Мекдоналд. Името Тенант го презема од Нил Тенант, пеачот на Pet Shop Boys.

Ova se vistinskite iminja na poznatite akteri 02

Квин Латифа

Кога Квин (Queen) Латифа го издаде албумот „The Dana Owens“ во 2004 година, таа беше верна на нејзините корени. Родена како Дејна Овенс, името го менува на 8 години, откако дознава дека Латифа значи деликатна, чувствителна или љубезна, во една книга со арапски имиња.

Џејми Фокс

Кога Ерик Марлон Бишоп започна да глуми во комедии, сакаше да најде андрогино име за себе. Така почна да го користи името Џејми, а презимето Фокс го презема како почит кон комичната легенда Ред Фокс.

Ova se vistinskite iminja na poznatite akteri 03

Лејди Гага

Како Стефани Џоан Анџелина Германота дојде по нејзиното сценско име? Коренот на ова име произлегува од продуцентот и тогашниот дечко на Гага, Роб Фусари, кој го споредуваше звукот на пејачката со песната „Radio Ga Ga“ на Queen.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
Гол презентер на сцената, паѓање на црвениот тепих: Забавни (и непријатни) моменти од Оскари 2024 Џон Сина се појави гол на сцената како презентер, Кирстен Данст се сопна на црве...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Како режисерот Вес Андерсон ги прави најуникатните и визуелно највпечатливи холивудски филмови? Симетрија, пастелни бои и впечатливи реквизити - кои се тајните на Вес Андерсон,...
Опенхајмер не се дружел со Ајнштајн, сметал дека е лудак - Што е вистина, а што измислица во филмот? Вистина е дека Опенхајмер навистина сакал да си го отруе менторот, но тоа не бил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg