Филмови и серии кои ќе ве освежат со нова енергија

Време е за уште еден филмски викенд исполнет со нови и возбудливи наслови. Овојпат одбравме неколку филмови и серии од различни жанрови кои ќе ве исполнат со нова, свежа енергија.

Filmovi-i-serii-koi-ke-ve-osvezat-so-nova-energija-01.jpg

Дали сметате дека на вашиот дом или модниот стил им е потребна промена? Дали ви недостасува храброста и упорноста да се борите за своите права и соништа?

Дали имате потреба за цртани филмови кои ќе ве натераат да размислувате уште долго, откако ќе ги изгледате? Можеби сте обожавател на историски драми или сакате само добро да се насмеете?

Во нашите 10 предлози има по нешто за сечиј вкус:

Love, Death & Robots

Најголемото освежување за оваа година ни го носи Нетфликс. Новата серија која претставува колекција на кратки анимирани епизоди од различни жанрови (научна фантастика, хорор, фантазија и комедија) целосно ќе ве освои со приказните и ликовите.

Queer Eye

Објавени се веќе 3 сезони со новиот тим на „Fab 5“, хомосексуалци кои имаат едноставна мисија – да им помогнат на луѓето да го доведат својот стил, домот и животот во ред.

Карамо, Боби, Џонатан, Ентони и Тен, секој задолжен во една специјализирана област, односно култура, дизајн, стилизирање, храна и мода, ќе ве потсетат дека живееме во свет на различности, дека ни е потребна толеранција и прифаќање, бидејќи на крајот од денот, сите сме луѓе.

On the Basis of Sex

Вистинската приказна за Рут Гинсбург, од почетокот на правните студии на Харвард и развојот на нејзината кариера. Борбата за еднакви права и стопирање на дискриминацијата, сите нејзини приватни и професионални подеми и падови, кои ја носат Гинсбург до номинација и назначување во Врховниот суд на САД.

How To Train Your Dragon The Hidden World

Хикап открива дека неговото најдобро другарче, беззабиот змеј „Toothless“ не е единствениот од неговиот вид. Тој мора да го пронајде тајниот свет, утопија на змејови, пред најмениот предатор Гримел да ги претрка во задачата.

Good Trouble

Новата серија е продолжување на претходната „The Fosters“ и ги следи авантурите на Кали и Маријана во Лос Анџелес. Кали е соработник на судија со високо реноме кој е назначен на случај со „жешка“ тема и огромен публицитет. 

Маријана добива работа во престижна IT компанија, но работите не се едноставни како што изгледаат, за двете.

https://www.youtube.com/watch?v=crRgGHrLNG0

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg