Зошто филмските постери се толку слични едни со други?

Во светот полн со информации и реклами, оригиналниот филмски постер ќе ве натера да застанете и да обрнете внимание на него.

Zosto se filmskite posteri tolku megusebno slicni 01

Се сеќавате ли на постерот на огромната ајкула која се движи кон пливачот на површината на водата, односно постерот за филмот „Ајкула“ на Спилберг од 1975 годинa?

Или можеби се сеќавате на молецот на устата на Џоди Фостер на постерот за познатиот трилер „Кога јагнињата ќе стивнат“?

Веројатно забележавте и дека денешните постери за филмови се, речиси исти, или во најмала рака слични едни со други.

Зошто е ова така?

Една од главните причини за овој феномен е секако тоа што филмските продуценти не сакаат да ризикуваат многу. Тие често следат веќе проверена формула, која порано се покажала како успешна.

Тие ќе одвојат околу 100.000 долари за да создадат постер за нивниот нов филм, но ќе побараат од дизајнерите да го имплементираат веќе видениот образец за соодветниот филмски жанр.

Ова се неколку актуелни трендови во дизајнот на постерите за холивудските филмови:

Комбинација на нијанси на сина и жолта / портокалова боја

Како што можете да видите на сликата погоре, постери со комбинација на сина и жолта, односно, портокалова боја најчесто се користат за промовирање на филмови со многу акција.

Овие бои се наоѓаат на спротивните краеви на кругот на боите, поради што обезбедуваат добар визуелен контраст на постерите.

Zosto-se-filmskite-posteri-tolku-megusebno-slicni-02.jpg

Бела позадина за романтични комедии

Кога продуцентите бараат од дизајнерот позадината на постерот да биде бела, тоа значи дека сакаат луѓето лесно да ги приметат главните актери во филмот.

Ова обично се прави во случај на романтични комедии, и како што е прикажано погоре, главните протагонисти на таквите филмови често се потпираат еден на друг.

Zosto se filmskite posteri tolku megusebno slicni 03

Постерите стануваат потемни

Научните истражувања покажале дека филмските постери во последната деценија стануваат сè потемни. Која е причината?

Многумина тврдат дека ова е поврзано со голема популарност на трилери, акција и научно фантастични филмови.

Исто така, постои верување дека постерите за суперхерои и епска фантастика се потемни за да им сигнализираат на возрасните дека филмот што го рекламираат не е само за деца.

Zosto se filmskite posteri tolku megusebno slicni 04

Постери на кои главните ликови се свртени со грб

Кога главниот лик на филмот е свртен со грб ова обично ни кажува дека се работи за мрачен херој, кој не зборува многу, туку ја завршува својата работа.

Овој тренд не е специфичен за специфични жанрови, а може да се забележи на постери за вестерни, акциски филмови, анимирани филмови, како и мелодрами.

Zosto se filmskite posteri tolku megusebno slicni 05

Жолта е бојата на независните филмови

Кога авторите на независните филмови сакаат да излезат од толпата, тие бараат жолти постери за нивните филмови.

Ова е понекогаш навистина ефикасно, но станува клише и само уште една формула која сите ја копираат.

Zosto se filmskite posteri tolku megusebno slicni 06

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 (по)нови мини-серии што ќе ги изгледате во еден здив Мистериозни убиства, политичка скандали и опасна жена која била на чело на најмо...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
Браќата Манаки и уште 4 семејни тандеми што оставија голем белег во филмската индустрија Браќата Манаки се првите филмски сниматели на Балканот и, на некој начин, ги пос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg