Најдобрите 10 нови серии од 2019 година

2019 година се покажа како многу солидна кога станува збор за премиерите на сосема нови серии. Покрај одличните продолженија на омилените (Game of Thrones, Stranger Things, Barry и уште многу други), за прв пат се прикажаа нови серии што ја освоија публиката „од прва“.

Najdobrite-10-novi-serii-od-2019-01.jpg

Факт: Netflix и HBO апсолутно доминираа, но и другите продукциски куќи постигнаа успех.

Ова се само 10 од многуте добри, нови серии што доживеаа премиера во 2019:

Unbelievable (Netflix)

Мари е млада девојка која пријавува дека е силувана. Но, никој не ѝ верува. Додека најблиските и заедницата ја обвинуваат за пријавување на лажен случај, на површината испливуваат уште неколку случаи слични со нејзиниот.

Две упорни детективки се решени да ја откријат вистината и злосторникот кој стои зад грозоморните силувања.

The Act (Hulu)

Диди Бланчард е премногу заштитнички настроена кон својата ќерка Џипси. Џипси пак се обидува да се ослободи од токсичната врска со нејзината мајка која ја задушува.

Во нејзината потрага по самостојност и независност, Џипси ја отвора Пандорината кутија полна со мрачни тајни, која води до убиство.

Chernobyl (HBO)

Април, 1986 година. Експлозија во нуклеарната централа Чернобил во Советскиот сојуз предизвикува катастрофа од огромни размери, една од најголемите во историјата на човештвото, со сурови и трајни последици.

The Dark Crystal: Age of Resistance (Netflix)

Анимирана фантастична серија која го следи светот Тра, каде тројцата Гелфлинг суштества ја откриваат застрашувачката тајна зад моќта на Скексис и започнуваат со бунт во обидот да го спасат нивниот свет.

Euphoria (HBO)

Ру (Зендеја) е 16-годишна зависничка од дрога која се враќа дома по рехабилитацијата. Серијата го прикажува животот на група тинејџери, откривајќи ја мрачната страна на анксиозноста, зависностите, депресијата и осаменоста во модерното време.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 одлични филмови од изминатата деценија кои веројатно сте ги пропуштиле (а вреди да ги изгледате) Ако сте расположени за комедија, дајте им шанса на The Disaster Artist и The Nic...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg