Најдобрите филмови направени според книгите на Џејн Остин

Џејн Остин е една од највлијателните писателки на сите времиња, па не е ни чудно што постојат бројни филмски адаптации на нејзините дела.

najdobrite-filmovi-napraveni-spored-knigite-na-jane-ostin-01.jpg

А, со толку многу адаптации, имаме поинакви, понекогаш и бизарни верзии на популарните приказни, како „Pride and Prejudice and Zombies“.

Доколку сте обожавател на Џејн Остин, ова се филмовите направени според нејзините дела што морате да ги изгледате:

Sense and Sensibility (1995)

Ова е секако најпрекрасната, најсеопфатната, најхумористичната и најемотивната адаптација на овој прекрасен роман. Режисерот Анг Ли во тие години бил во врвна форма.

Ли ја почитувал нарацијата на која Џејн Остин ѝ била лојална - по преголемите пресврти хероите ќе бидат наградени, но само доколку успеат да ги надминат нивните слабости (гордост, предрасуди, итн.)

Покрај тоа, филмот е помогнат од раскошна продукција и совршено координирана актерска екипа - Кејт Винслет, Ема Томпсон, Хју Грант, Алан Рикман, Том Вилкинсон...

Да се потсетиме, Ема Томпсон го напиша сценариото за овој достоен класик, за што има земено и Оскар.

Pride & Prejudice (2005)

Помалку игрив, но, во целина, несомнено квалитетен филм на режисерот Џо Рајт. Во оваа адаптација која се карактеризира со помалку весел тон, сè е на место. Приказната ги доведува во прашање воспоставените регуларности на машко-женските односи.

Единствениот недостиг во филмот е забележително лошата глума на Кира Најтли, но за среќа, тука се Метју Мекфаден, Розамунд Пајк, Доналд Сатерленд, Бренда Блетин, Том Холандер и Џуди Денч.

Emma (1996)

Огромниот (филмски) успех на „Sense and Sensibility“ брзо предизвика мал, но забележителен излив на филмски адаптации на делата на Џејн Остин. Во тој период, најголемо внимание привлече адаптацијата на познатата Ема.

Гвинет Палтроу како Ема успеа да внесе впечатлив жар во ликот, но како подобра креација на истиот лик се покажа Кејт Бекинсејл, во истоимениот телевизиски филм.

Becoming Jane (2007)

Едноставно кажано, станува збор за екранизација на писмата на Џејн Остин, во кои писателката пишува за романсата со тврдоглавиот Ирец. Ова е филм кој се фокусира на фактографијата и главниот лик.

Режисерот Џулијан Џеролд сѐ уште чека светот да посвети поголемо внимание на неговиот значителен режисерски и раскажувачки талент, а за оние кои за првпат ќе го гледааат филмот, можеби ќе ве привлечат Ен Хатавеј, Џејмс МекАвој, Џули Волтерс, Џејмс Кромвел, Меги Смит...

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg