Најдобрите комични улоги на Салма Хајек

Доколку размислите за момент, дури и на улоги кои не се номинално хумористични, Салма Хајек знае да им даде доза хумор. 

Najdobrite komicni ulogi na Selma Hajek 01

Според она што го видовме во жанровски целосно различните филмови, како „Desperado“ и „Frida“, Хајек успева да внесе доза „комична“ енергија во своите ликови. 

Ова се неколку филмови во кои Сaлма Хајек ја покажа својата комична страна:

The Faculty (1998)

Салма Хајек, во овој тинејџерски хорор филм, е совршена и навистина смешна во улогата на училишна медицинска сестра.

Chain of Fools (2000)

Во оваа доволно успешна и интересна комедија, Салма Хајек ја толкува улогата на детективка која го истражува грабежот на скапоцени монети. Покрај Салма Хајек, во „Chain of Fools“ можете да ги видите и Стив Зан, Џеф Голдблум, Илајџа Вуд…

After the Sunset (2004)

Оваа можеби неправедно запоставена и потценета крими-комедија во режија на Брет Ратнер, раскажува динамична приказна за врвни крадци и агенти на ФБИ, снимана на егзотични локации. Други актери во филмот се Пирс Броснан, Вуди Харелсон, Крис Пен, Наоми Харис…

Bandidas (2006)

Овој шармантен ретро-шик вестерн, режиран од Лук Бесон, е значаен по спојувањето на две големи ѕвезди - Пенелопе Круз и Салма Хајек. Меѓу нив е воспоставена одлична актерска хемија, која на крајот е клучното својство за квалитетот на филмот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg