6 филмови против 6 истоимени серии – што ќе одберете вие?

Многумина ќе се согласат дека инспирацијата полека се исцрпува дури и во филмската уметност. Сепак, продуцентите не се предаваат, па најчесто решаваат од популарни филмови да направат ТВ серија.

6-filmovi-protiv-6-istoimeni-serii-01.jpg

И изненадувачки, огромен дел од нив поминуваат одлично кај публиката. Ви нудиме 6 одлични филмови и подеднакво добри (ако не и подобри) ТВ серии со истата содржина. Вие пресудете кој според вас е победникот – филмот или серијата?

High Fidelity (2000)

Екранизиран според еден од најпопуларните романи на англискиот писател Ник Хорнби, во центарот на High Fidelity е Роб, сопственик на продавница за грамофонски плочи, музички фанатик, човек на кој животот му тргнува наопаку откако девојката ќе му раскине.

Прашувајќи се како да продолжи понатаму со животот, Роб кој опсесивно пополнува листи со „топ 5“ работи во животот, прави топ 5 листа на најболните раскинувања, обидувајќи се да сфати што направил погрешно во секое едно од нив.

High Fidelity (ТВ серија 2020 – )

Во ТВ адаптацијата 20 години подоцна, Роб е жена која ја глуми ќерката на Лени Кравиц – Зои Кравиц. Таа се потпишува и како продуцент и се чини дека се инспирирала од својата мајка Лиса Бонет која глуми споредна улога во оригиналниот филм од 2000 година.

Роб исто така е сопственичка на продавница за плочи како во оригиналот, и погодувате – нејзиното момче ја напушта. Таа се обидува да сфати што тргнало наопаку во сите неуспешни, пропаднати љубовни врски во минатото.

Hanna (2011)

Хана Хелер (која ја глуми Серша Ронан) е 16-годишен, перфектно истрениран убиец. Хана оди во убиствена мисија низ Европа, а ја следат нејзиниот агент и тимот кој стои зад неа.

Hanna (ТВ серија 2019 – )

ТВ серијата ја следи истоимената приказна – напнат, акциски трилер со Хана, која е необична млада девојка израсната во шумата. Таа се обидува да му побегне на ЦИА агент кој работи надвор од пропишаните правила, додека истовремено пробува да открие која е навистина.

Dear White People (2014)

Односите помеѓу белците и црнците се заоструваат на универзитетот на којшто доминираат генерално студенти белци. Кулминацијата се случува кога хумористично списание организира прилично навредлива забава за време на Ноќта на вештерките.

Dear White People (ТВ серија 2017 – )

На престижниот универзитет во којшто доминира белата раса, група на афроамерикански студенти се обидуваат да се справат со многу различни облици на дискриминација насочени против нив.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...
10 филмови што никогаш нема да ви станат здодевни (колку пати и да ги гледате) Од The Devil Wears Prada до Forrest Gump, има филмови што ретко кој ги изгледал ...
10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 нови филмови што ги освоија симпатиите на публиката Wonka, The Beekeper, Madame Web – дел од поновите филмови што ѝ се допаднаа на п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg