7 најдобри комедии со маестралниот Стив Карел кои ќе ве насмеат до солзи

Стив Карел е со сигурност еден од најнаградуваните комични холивудски актери.

7-najdobri-komedii-so-maestralniot-Stiv-Karel-koi-kje-ve-nasmeat-do-solzi 01 630x340.jpg

Иако неговата филмографија главно е свртена кон комедиите, „40-годишната девица“ ја докажа својата умешност во многу разновидни улоги последните неколку години.

Овој пат ќе се задржиме на полето каде што неговата генијалност е неоспорлива, односно комичните филмови.

Во продолжение наведуваме 7 филмски комедии со Стив Карел кои ќе ве насмеат до солзи:

„The 40-Year-Old Virgin“ 

Пријателите на Енди, „бубалица“ која никогаш не ја завршила „онаа работа“,  одлучуваат дека имаат должност да му помогнат да излезе од својата очајна ситуација.

Дефинитивно, филмска улога која го прослави феноменалниот Стив Карел.

„Get Smart“

Максвел Смарт, одличен аналитичар, но трапав агент, работи за шпионската агенција CONTROL, со задача да спречи терористички напад од страна на ривалската шпионска агенција CHAOS.

„Anchorman: The Legend of Ron Burgundy“ 

Филм кој навистина вреди да го погледнете.

Стив Карел глумејќи го спектакуларниот „Брик Тамленд“ е дефинитивно една од легендарните обележја на филмот „Anchorman“, иако станува збор за споредна улога.

„Date Night“ 

Фил и Клер водат рутински, речиси здодевен живот на една секојдневна брачна двојка со деца.

Обидот да го „зачинат“ нивниот брак со малку возбуда и гламур резултира во повеќе возбудуливи рутини отколку што тие бараа.

„Dinner for Schmusks“ 

Организатор на забава им вели на своите пријатели да го донесат со себе најголемиот „лузер“ кој го познаваат.

Но, најголемиот „лузер“ ќе направи сите останати да изгледаат мноту полошо од него.

„Crazy, Stupid, Love“ 

Животот на еден средовечен сопруг драстично ќе се промени кога неговата жена ќе му побара развод.

Тој е во потрага по својата „машкост“, па со помош на новостекнатиот пријател Џејкоб учи како да стане „мачо-мен“.

„Battle of the Sexes“ 

Филмот „Битка на половите“ се осврнува на тенискиот натпревар помеѓу Били Џин Кинг (Ема Стоун)  и Боби Ригс (Стив Карел) и борбата за еднаквост на жените во тенискиот свет.

Станува збор за филм базиран на вистинска приказна.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса? Шарениот розов свет ве учи што значи да се самоспознаете, тангира повеќе важни т...
10 од најдобрите филмови од 2020-та до денес што можеби сте ги пропуштиле Ако сте расположени за акциона комедија, вреди да му дадете шанса на Bullet Trai...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg