5 одлични филмови + 5 нови серии кои ќе ве држат во целосна неизвесност

Подготвени за ова тура одлични филмови и серии исполнети со малку мистерија и многу неизвесност?

5-odlicni-filmovi-plus-5-novi-serii-01.jpg

Доколку сте љубители на овој жанр, време е да ги погледнете следните 10 предлози:

The Platform (2019)

Апсолутно неверојатен филм од шпанско говорно подрачје. Истиот е достапен со превод и синхронизиран на англиски.

Горенг се буди во ќелија заедно со уште еден затвореник. Тој е сместен во затвор со вертикално поставени келии. Бројот на нивоата не го знае никој со сигурност. Но, најзастрашувачкото е начинот на преживување. Совршена метафора за општеството во кое живееме денес, филм кој ќе натера да размислувате за истиот уште неколку дена подоцна.

Fractured (2019)

Пар е принуден да застане на бензинска станица бидејќи нивната 6-годишна ќерка има повредена рака. Тие се брзаат накај болницата. Но, нешто многу чудно се случува таму. Сопругата и ќерката наскоро исчезнуваат.

Mirage (2018) (Durante la tormenta)

Уште еден одличен шпански филм. Две идентични бури се случуваат во временско растојание од 25 години. Една недолжно убиена жена. Мајка која во дел од секундата ги губи сопругот и ќеркичката. Што ги поврзува двата мистериозни настани?

https://www.youtube.com/watch?v=ESuEBn7WAUE

Guns Akimbo (2019)

Мајлс изработува видеоигри и ненадејно станува следната мета во интернет предизвик кој се емитува живо, бизарна игра на живот и смрт. Тој успева да избега речиси од сè, освен од Никс, која сè уште не ја поразил никој.

Тhe Room (2019)

Мет и Кејт купуваат куќа која е прилично изолирана. Додека се вселуваат откриваат чудна соба во куќата која има моќ да им исполни неограничен број на материјални желни. Но, сè што сака парот е да има дете.

Сериите продолжуваат на следната страна…



Би можело да ве интересира:

Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Филмови од раните 2000-ти што ќе ви разбудат носталгија По Индијана Џонс, хит беше Лара Крофт, а за оние кои не сакаат видеоигри, овде е...
10 филмови кои ќе ви бидат како мини-одмор овој мај In Bruges ќе ве однесе во магичниот белгиски град Бриж, додека Tracks ќе ви ја п...
10 ужасни филмови кои вреди да ги изгледате (и веќе се сметаат за култни) The Room се смета за најлошиот филм на сите времиња кој мора да се изгледа, доде...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...
Најдобрите хорор филмови на режисерот Џон Карпентер Познатиот американски режисер на хорор филмови, Џон Карпентер, ја започна својат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg