10 одлични, возбудливи трилери за продолжениот викенд

Продолжениот викенд е пред нас, а покрај многуте работи тоа значи и повеќе слободно време за гледање филмови.

10-odlicni-trileri-za-prodolzeniot-vikend-01.jpg

Овој пат за вас имаме 10 возбудливи трилери кои ќе ве анимираат доволно долго без да мора да погледнете во телефонот:

Peppermint

Рајли Нортон се буди од кома. Нејзиниот сопруг и ќеркичката се мртви. Кога системот ја изневерува и не ги казнува виновниците, таа решава да ги преземе работите во своите раце.

Side Effects

Емили има многу проблеми кои го оптоваруваат нејзиниот ум. Нејзиниот психијатар Џонатан ѝ препишува нова терапија. Но нус-ефектите се страшни и воедно се закануваат да ја уништат кариерата на Џонатан и животот на Емили.

Spenser Confidential

Поранешен детектив од полиција се враќа во бостонското криминално подземје, со цел да реши убиство исполнето со мистерија и заговор.

Luce

Ејми и Питер се прилично слободоумни луѓе. Но, откако нивниот посвоен син ќе напише вознемирувачки состав за на училиште, тие се принудени да размислат за своите ставови и однесувањето.

All the Money in the World

1973 година. Киднаперите на неговиот внук бараат 17 милиони долари од милијардерот Џ. Гети со цел да го ослободат. Но, богатиот Гети одбива да ја плати сумата.

Продолжува на следната страна…



Би можело да ве интересира:

11 актери кои, по многу години, повторно се облекоа како познатите ликови што ги глумеа Се сеќавате ли како изгледаше Кортни Кокс во хоророт Scream? Или Вил Смит во сер...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
Кој морничав филм да го изгледате викендов, според хороскопскиот знак? На Лавовите сигурно ќе им се допадне Interview with the Vampire, додека Близнаци...
Адам Сендлер е на врвот – Кои се најплатените актери за 2023-та? Веројатно на листата очекувате имиња како Марго Роби и Леонардо ди Каприо, но ви...
5 серии на Нетфликс кои треба да ги изгледате ако сте љубители на „Вовед во анатомија“ Серијата „Вовед во анатомија“ можеби има посебно место во нашите срца, но постој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg