Што да гледате на 1 јануари 2021 година? 15 одлични филмови од различни жанрови

Конечно Нова година! 1 јануари 2021, одличен датум за нови почетоци и многу, многу интересни филмови.

Sto-da-gledate-na-1-januari-2021-01.jpg

Годинава поради ситуацијата повеќето сме дома, па имате многу слободно време и одлична можност да изгледате колку што е можно повеќе квалитетни филмови.

Одвоивме 15 одлични наслови од секој жанр кои ќе го задоволат вашиот гледачки вкус:

Анимиран – Soul

Музичар кој ја изгубил страста за музика се транспортира надвор од неговото тело и мора да го најде патот назад со помош на новородена душа што учи сè за себе.

Комедија – The Wrong Missy

Тим има ужасен состанок. За време на неговиот тим билдинг од работа тој поканува друга девојка да му се придружи на егзотичниот остров. Но, пораката очигледно стигнува на погрешно место.

Романса – Emma

Адаптација според познатиот роман на Џејн Остин, добро познатата приказна за Ема – сплеткарка која сака да изигрува стројник. Но, она што не може да го насети е дека таа ќе биде онаа која наскоро ќе се вљуби.

Драма – Lost Girls

Цврсто решена да ја најде својата исчезната ќерка, очајна жена започнува лична истрага што ја води полицијата до нерешени случаи на убиени сексуални работници.

Акција – Wonder Woman 1984

Во вториот дел, Дајана Принс живее тивко меѓу смртниците во гламурозните 1980-ти – ера водена од желбата да се има апослутно сè.

Трилер – The Woman in the Window

Агорафобичната д-р Ана Фокс постојано го набљудува навидум совршеното семејство Расел кое живее спроти неа. Еден ден ќе види нешто што не требала да го посведочи.

Хорор – His House

Пар бегалци пребегнуваат од делот на Јужен Судан во којшто владее војна. Но, потоа се борат да се адаптираат на својот нов живот во англиско гратче во кое има притаено зло што демне под површината.

Мјузикл – The Prom

Ѕвездите на Бродвеј коишто немаат толку многу среќа среќата, одат во Индијана и ја даваат својата поддршка на тинејџерка која сака да оди на матурата со својата девојка.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 неодоливи филмови со кученца кои ќе ви го стопат срцето За малите крзнени суштества велиме дека се најдобриот пријател на човекот. Тие с...
10 филмови со силни жени во главните улоги кои ќе ве мотивираат да постигнете повеќе Секогаш сме во потрага по инспирација, нели? Доколку чувствувате како ви недости...
10 топли филмови кои ќе ви ја вратат вербата и насмевката во овој предолг, сив јануари Сè уште го „ситниме“ јануари, а ова не е ниту последниов викенд од најдолгиот ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg