5 серии на Нетфликс кои пријатно ќе ве изненадат

Доколку сте во потрага по нови, интересни серии кои ќе ви го наполнат срцето или пак реално ТВ шоу кое ќе ве натера да го пуштите мозокот на „пасење“, имаме 5 одлични предлози за вас.

5-serii-na-Netflix-01.jpg

Сите се во продукција на Нетфликс и сите се достапни на платформата, што значи само едно – Netflix and chill:

Soundtrack

Во оваа неверојатно топла, емотивна серија, музиката е онаа што ги поврзува животите на навидум неповрзани луѓе коишто живеат во Лос Анџелес со своите желби, соништа и стравови.

Lupin

Римејк на класичната француска приказна за Арсен Лупин, светски познатиот џентлменски крадец и мајстор за маскирање.

Bridgerton

Богатство, страст, љубов и предавство. Моќното семејство Бриџертон ќе се соочи со ова и многу повеќе во оваа неверојатна историска фикција чие дејство се одвива во Англија.

Bling Empire

Реалното ТВ шоу ги следи животите на група богати Азијци кој живеат во Лос Анџелес. Тие се милионери, милијардери и парите за нив не претставуваат никаков проблем. Но, со какви проблеми се соочуваат тогаш?

Cobra Kai

34 години по настаните на Карате турнирот во 1984 година, Џони Лоренс го отвора озлогласеното Кобра Каи, обновувајќи го своето ривалство со сега успешниот Даниел ЛаРусо.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 нови романтични филмови на Нетфликс кои ќе ви го стопат срцето Можеби се топиме како сладолед на жежок асфалт поради високите летни температури...
10 нови филмови на Нетфликс кои ги освоија симпатиите на публиката Нашата омилена филмска платформа Нетфликс нè изненади со одлични филмски оствару...
„Елвис“ и уште 5 ремек-дела на генијалниот Баз Лурман кои не смеете да ги пропуштите Баз Лурман (59) е австралиски режисер, сценарист и продуцент, познат по специфич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg