Новото продолжение на серијалот „SAW“ и уште 9 филмови кои ги чекавме со нетрпение

Доколку сте љубител на филмовите од морничавиот хорор серијал „SAW“, дефинитивно ќе сакате да го погледнете новото продолжение со Крис Рок и Семјуел Л. Џексон во главните улоги.

Filmovi-sto-gi-cekavme-so-netrpenie-01.jpg

Што се однесува до останатите филмови, слободно може да кажеме дека ги очекувавме со нетрпение, од новата адаптација на „Жената на прозорецот“ со Ејми Адамс во главната улога, до пресметката помеѓу Годзила и Кинг Конг:

The Woman in the Window

Доктор Ана Фокс страда од агорафобија. Таа не го напушта својот дом, а единствениот извор на забава ѝ се нејзините соседи кои неретко ги набљудува од прозорецот. Сè додека една ноќ не стане сведок на ужасно злосторство.

Oxygen

Една жена се буди во криогенa комора без никакви сеќавања како стигнала таму. Таа мора да најде излез од ситуацијата пред да остане без воздух.

Crisis

Шверцер на дрога организира акција за шверцување додека зависничка која закрепнува е во потрага по вистината за исчезнувањето на нејзиниот син.

Mayor Grom: Chumnoy Doktor

Мајор Гром: „Доктор Чума“ е руски филм за суперхерој базиран на истоимената стрип-серија на рускиот издавач „Бабл стрипс“, создаден од креаторот Артјом Габрелјанов.

https://www.youtube.com/watch?v=u4i0Ei7OLQQ

Without Remorse

Барајќи правда за убиството на неговата бремена сопруга, војни од елитната американска морнарица открива таен заговор што се заканува да ги зафати САД и Русија во масовна војна.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 филмови од 2023 година кои не треба да ги пропуштите Ако не ги изгледавте Barbie и Oppenheimer, време е да го направите тоа. Но, доко...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
Омилените ликови од цртаните филмови што ќе ве вратат во детството Од оптимизмот и љубезноста на Мики Маус, до брзото размислување и хуморот на Ушк...
10 од најдобрите комедии на 21-ви век што сигурно ќе ве расположат Tropic Thunder e забавна критика на холивудските филмови и нивните клишеа, додек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg