10 филмови со силни жени во главните улоги кои ќе ве мотивираат да постигнете повеќе

Секогаш сме во потрага по инспирација, нели? Доколку чувствувате како ви недостига храброст или енергија за одредени нешта во животот, можеби е добро да изгледате некој од нашите следни 10 предлози.

10-filmovi-so-silni-zeni-vo-glavnite-ulogi-01.jpg

Заедничкиот именител на овие филмови? Силни и храбри жени кои ќе ве мотивираат да постигнете многу повеќе во животот:

Wild

Шерил Страјд, неодамна разведена жена, одлучува да започне нов живот со пешачење по популарната Пацифик Крест Трејл, патека долга над 1.100 милји. Таа започнува да се открива себеси со секој направен чекор на патувањето.

Hidden figures

Три афроамерикански жени се генијални математичари кои играат клучна улога во лансирањето на астронаутот Џон Глен во орбитата. Во меѓувреме, тие се справуваат со расната и половата дискриминација на работното место.

Winter’s Bone

Ри Доли живее далеку од совршен живот. Нејзината мајка е неподвижна, а татко ѝ е криминалец. Таа прави сè што може за да го зачува домот, грижејќи се за своите помлади браќа и сестри. Кога дознава дека татко им го заложил нивниот дом и е исчезнат, Ри тргнува во опасна потрага за да го најде.

Erin Brockovich

Ерин е самохрана мајка која тоне во долгови. Неочекувано, таа станува правен асистент во мала фирма и наидува на случај против гигантот Pacific Gas and Electric. Кога ќе открие дека компанијата ја труе водата во еден мал град, таа почнува да бара правда.

Peppermint

Пет години по бруталното убиство на нејзината ќерка и сопруг, скршената сопруга и мајка се обидува да го зајакне своето тело и умот за да може да го одмазди семејството.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 нови филмови кои не треба да ги пропуштите оваа есен Ако сакате историска драма, задолжително изгледајте го Napoleon. Ако, пак, сте р...
10 филмови кои ќе ги воодушеват љубителите на подводниот свет И во лето, но и во другите годишни времиња, не значи дека не уживаме во убавинат...
10 филмови што ќе ве внесат во есенско расположение Ако сакате крими приказна, изгледајте го Clue, a доколку сакате филм со доза маг...
6 одлични серии на Нетфликс за сечиј вкус Ако сте љубител на еротски трилери и барате нешто ново за гледање на Нетфликс, т...
Поучни кратки анимирани филмови на YouTube за деца Факт е дека во денешно време децата речиси секој ден се во допир со екраните. За...
10 филмови со силни и инспиративни жени во главните улоги Бремена тинејџерка која носи тешка одлука за најдоброто на нероденото дете, сред...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg