„Бетмен“ и уште 9 фантастични нови филмови од кои нема да ги одлепите очите

Новиот „Бетмен“ со Роберт Патинсон во главната улога е апсолутно фантастичен филм што го враќа суперхеројот повторно на врвот на боксофисот.

Betmen-i-uste-9-novi-filmovi-01.jpg

Впрочем, првите 3 месеци од годината нè изненадија со феноменални филмови, а еве што вреди да изгледате:

The Adam Project

По случајно слетување во 2022 година, пилотот на борбен авион Адам Рид кој патува низ времето, се здружува со своето 12-годишно јас во заедничка мисија за спас на иднината.

Spider-Man: No Way Home

Откако е откриен идентитетот на Спајдермен, Питер бара помош од доктор Стрејнџ. Кога магијата ќе тргне наопаку, почнуваат да се појавуваат опасни непријатели од другите светови, принудувајќи го Питер да открие што навистина значи да се биде Спајдермен.

Blacklight

Тревис Блок, сомнителен владин агент кој е специјализиран за отстранување на оперативци чии идентитети се разоткриени, открива смртоносен заговор кој стигнува до највисоките ешалони.

Dog

Со кучето по име Лулу покрај себе, Бригс се обидува да стигне на погребот на еден војник. По патот, Бригс и Лулу прекршуваат неколку закони, за влакно ја избегнуваат смртта и учат нови работи за себе што им дава целосна нова перспектива кон животот.

The Batman

Бетмен се впушта во подземјето на Готам Сити кога садистички убиец му се заканува на градот. Суперхеројот мора да воспостави нови односи, да го разоткрие виновникот и да донесе правда против злоупотребата на моќта и корупцијата што долго владеат во метрополата.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

10 неодоливи филмови со кученца кои ќе ви го стопат срцето За малите крзнени суштества велиме дека се најдобриот пријател на човекот. Тие с...
10 топли филмови кои ќе ви ја вратат вербата и насмевката во овој предолг, сив јануари Сè уште го „ситниме“ јануари, а ова не е ниту последниов викенд од најдолгиот ме...
„Смрт на Нил“ и уште 9 нови возбудливи филмови што ќе сакате да ги погледнете Публиката со големо нетрпение ја дочека втората филмска адаптација на Кенет Бран...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg